Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


4/22/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Жителите на Кисела Вода добија бесплатни правни совети
07.09.2011

Големата сала во општината Кисела Вода беше премала да ги собере сите заинтересирани граѓани за проектот “Денови на бесплатен правен совет”, кој денеска се реализираше во општината Кисела Вода. Проектот е во организација на Министерството за правда, а во соработка со Адвокатската комора, Нотарската комора, Комората на медијатори и Комората на извршители заради запознавање на граѓаните со можноста за остварување на своите права, согласно Законот за бесплатна правна помош, како и заради давање бесплатни правни совети за прашања од областа на адвокатурата, медијацијата, нотаријатот и извршувањето.
Проектот “Денови на бесплатна правна помош” го промовираше министерот за правда, Блерим Беџети, кој истакна дека основна цел на Законот а бесплатна правна помош е да се обезбњеди еднаков пристап на граѓаните и другите лица до институциите на системот, запознавање, остварување и овозможување на ефективна правна помош, што е во согласнот со уставното начело на еднаков пристап до правдата.
-“ Барањето за бесплатна правна помош се поднесува лично или преку пошта во 34-те подрачни одделенија на министерството за правда на чие подрачје подносителот има живеалиште на пропишан образец. Подрачното одделение на министерството за правда по приемот на барањето, согласно податоците наведени во барањето, го комплетираат барањето со потребните документи за имотна состојба и истото се доставува до министерството на натамошно одлучување” – појасни министерот.
Задоволство за досегашната примена на Законот за бесплатна правна помош и реализацијата на овој проект изрази и заменик – министерот за правда, Билјана Бришкоска – Бошкоски.
-“ Се надевам дека на овој начин ќе успееме да им се доближиме на граѓаните и да им помогнеме да добијат стручна правна помош во натамошното решавање на проблемите, обезбедувајќи им еднаква достапност до правдата” – заврши Бришкоска – Бошкоски.
Присутните ги поздрави и домаќинот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, кој ја поздрави акцијата на министерството за правда со која сите граѓани, кои од финансиска или било која друга причина немале можност да добијат правна помош.
Граѓаните своите прашања, кои во најголема мера беа од семејните и наследни односи, парничната, вонпарничната и извршната постапка, имаа можност да ги постават на стручен тим составен од адвокати, нотари, медијатори и извршители.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved