Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


6/25/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Легализацијата отиде на терен
23.09.2011

Комисиите досега не се сретнале со некои поголеми проблеми, но велат дека има случаи каде што во елаборатот се впишани простории што не се изградени, не постојат, што е кривично дело и за што две геодетски фирми досега ја загубиле лиценцата за работа
        Втората фаза од процесот на легализација на дивоградбите е во полн ек. Општинските екипи што сега ја спроведуваат работата на терен секојдневно работат на делот што опфаќа проверка и констатирање на фактичката состојба во која се наоѓаат дивоградбите. Една ваква комисија дневно поминува од 20 до 40 објекти во зависност од нивната местоположба. За да откриеме и објасниме како се спроведува легализацијата во оваа фаза, минавме еден ден на терен со екипите на општината Кисела Вода. Како што предвидува законот, комисијата составена од три стручни лица во општината прави список на објекти што ќе се посетат. Најчесто се избираат објекти што се наоѓаат во иста населба или село за да се заштеди време за патување, па во еден потег да се поминат што повеќе објекти.


- Кога влегуваме на еден имот најпрвин го земаме геодетскиот елаборат и ги споредуваме податоците од него со она што го гледаме пред нас. Ги проверуваме сите соби, визби, ходници, поттавански соби доколку ги има и споредуваме дали сето тоа го има во елаборатот. Доколку сé е во ред, правиме неколку фотографии од надворешноста на објектот од различни позиции и веднаш седнуваме да го направиме записникот. Се запишува и од каков материјал е направена куќата и во каква состојба се наоѓа, дали претставува функционална целина и дали во неа може да се живее - вели Александар Чефиев, претседател на една од трите комисии за легализација од општината Кисела Вода.


Тој појаснува дека понатаму процесот продолжува во општината, каде што други служби проверуваат дали таа куќа, според координатите на кои се наоѓа, може да се вклопи во урбанистичкиот план. Доколку не постои никаков проблем, на сопственикот му се издава урбанистичка согласност, а тој треба да го уплати надоместокот од едно евро за квадратен метар. По ова, општината ќе издаде решение за легализација, кое по 15 дена станува правосилно. Сопственикот со ова решение треба да оди во катастарот да му се впише објектот на имотен лист како легална градба, ни објаснија од комисијата.


Доколку недостига елаборат, или друг документ што е битен за процесот, или, пак, објектот има нерешени имотноправни односи, тогаш легализацијата се запира до решавање на проблемот или набавување на документацијата што недостига. Токму овие се одговорите што најчесто им се даваат на сопствениците на дивоградби кога ќе им се даде решение дека процесот е запрен поради некоја од овие причини, велат од општинските комисии.


Една од куќите што ги посетивме е домот на семејството Кечовски во населбата Драчево. Тие со нетрпение ја чекале комисијата, бидејќи, како што велат, едвај чекаат да го легализираат својот дом.


- Куќата ја изградил мојот свекор пред дваесетина години, оттогаш досега доградена е неколку пати и во висина и во ширина. Ние веќе имавме почнато еден процес за средување на имотноправните односи со земјиштето и легализацијава ни дојде во суперпериод, па за евтини пари ќе можеме да си ги средиме и работите околу неа. Имаме сопствен бизнис и сега лесно можеме и да ја дадеме под хипотека доколку ни треба кредит за работа. Банките верувам дека сега поинаку ќе гледаат кога во прашање е легализиран објект, кој е солидно граден и е на убава локација. Целиот процес мислам дека е од голема полза за граѓаните - ни изјави Снежана Кечовска од населбата Драчево.


Од општинската комисија велат дека по нивната посета во рок од шест месеци општината треба да одговори по барањето за легализација. Запирањето на постапката поради некомплетни документи или други имотноправни пречки не значи и краен прекин на процесот. Комисиите досега не се сретнале со некои поголеми проблеми при својата работа, но истакнуваат дека има случаи каде што во елаборатот се впишани простории што не се изградени, не постојат, што е кривично дела, а за што две геодетски фирми досега ја загубиле лиценцата за работа.



Извор: Нова Македонија/23.09.2011

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved