Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


4/22/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Започна втората фаза од проектот за водоснабдување на населбата Пинтија
28.09.2011

Иако се наоѓаат на само шест километри од центарот на градот, жителите на населбата Пинтија со децении се соочуваат со проблемот од недостиг на вода, особено во летниот период. Проблемот кој претставуваше “рак – рана” на локалната самоуправа, конечно ќе биде решен.
Имено, деновиве започна со реализација втората фаза од проектот за довршување на системот за водоснабдување на населбата Пинтија. Населбата Пинтија е урбанизирана, монтажна населба формирана непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во која снабдувањето со вода на потрошувачите се врши преку градската водоводна мрежа. Постојната водоводна мрежа не ги задоволува потребите за вода на потрошувачите, според важечките стандарди и истата е стара и дотраена.
За комплетно решавање на проблемот пред неколку години општината Кисела Вода изработи проектна документација за водоснабдување, која предвидуваше изградба на пумпна станица, резервоар, потисно – повратен цевковод и улична дистрибутивна мрежа.
Првата фаза од проектот се реализираше во 2008 и 2009 година, кога се изгради резервоарот кој е со капацитет од 900 кубни метри, како и потисно – повратниот цевковод кој започнува од пумпната станица и ќе ја транспортира водата низ мрежата и резервоарот.
Во моментов се работи втората и завршна фаза од проектот која опфаќа изградба на пумпната станица, во која ќе бидат сместени пумпи со капацитет од 37 литри/секунда, кои ќе ја обезбедат нормата за водоснабдување од 500 литри/ден/жител, како и уличната дистрибутивна мрежа, која ќе се состои од примарна – прстенеста по поголемите улици и детална по помалите улички и сокачиња.
По целата должина на мрежата ќе се постават цевки со различни дијаметри, а целата водоснабдителна мрежа ќе се протега во вкупна должина од околу 10 километри.
Согласно проектот, за секое домаќинство ќе се обезбеди куќен приклучок, а заради обезбедување на противпожарно осигурување на одредени локации ќе се постават и противпожарни хидранти за гасење пожар.
Истовремено, во самата населба предвидено е поставување на две улични чешми, од кои едната ќе биде поставена кај црквата и едната до основното училиште.
Градежните работи се очекува да завршат во период од осум месеци, а општината Кисела Вода за реализација на овој капитален проект кредитно се задолжи во Светската банка во висина од околу 625.000 евра, преку Проектот за подобрување на општинските услови во Република Македонија.  
Изведувач на градежните работи е фирмата Делта Пром од Велес.



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved