Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


6/24/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Свечено одбележан “5-ти октомври - Денот на учителот”
05.10.2011

Вчера, во холот на основното училиште ,,Невена Георгиева – Дуња,, под мотото ,,Македонскиот учител низ времето,, свечено се одбележа “5-ти Октомври - Денот на учителот”. Преку пригодна програма подготвена од професорката Донка Ристовска Подунавац низ хронологија на времето им се даде почит на нашите познати просветители.
Имено, ученици од  шестите, седмите и осмите одделенија, заедно со нивниот наставник и ментор преку драматизација ги навратија сите присутни на Македонскиот учител низ времето.



Следува интегрален текст од програмата која ја подготвија учениците од ова основно училиште:
“Учител, даскал, просветител, сеедно.
Тоа е синоним за една единствена благородна мисија. Тој не учи , подучува, воспитува, тој е наш учител. Тој го сее семето на просветата, ни го осветлува патот кон науката и знаењето.
Од Кирил и Методиј – словенските учители кои ни подарија очи,  всадија разум во срцата, јазик и писмо. Јоаким Крчовски, Пејчиновиќ, Пулески, го учеа народот дека книгата е најмоќното орудие.
Миладиновци не  научија  каде зората греит  душата, каде кавалот најубаво звучи и чие грло е побело од бисерот.  Учителот  Г. Прличев  со поемата ,,Сердарот,,  во  Солун ја понесе првата награда и ловоровиот венец
Сите тие големи учители го крчеа патот на Македонската просвета. Не смееме да го заборавиме професорот во Битолската гимназија  К. П.  Мисирков, кој ни остави аманет, јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство,,.
Со почит кон учителот – сликар, и автор на романот Калеш Анѓа, кој ќе го наслика амбиентот на едно време и ќе пишува за Итар Пејо,  Стале Попов.  По неговите стапки оди и неговиот син  Ѓорѓи Сталев, и тој е професор, есеист, критичар, преведувач.
Гане  Тодоровски професор, поет. Тој знаеше на зборот и името да им даде поинаква димензија -  Македонштина.
Учителот несебично се дава, поврзан е со своите ученици, тој секогаш ке биде, ѕвезда Деница  на небото а еден ден на тоа небо ќе светат ѕвезди на кои ти им подари светлина.
Поврзан со својот народ и студенти беше и Блаже Конески.  Особено беше горд на својата благородна професија. Тој го напиша ,, Тешкото,,  во кое зурлата писна, старци и момци заиграа со уморен чекор. Ние, неговите ученици го услишивме разговорот негов, и на неговата ,,Везилка,, почитувај го минатото , гради ја својата иднина.
Еден ден ако нашите ученици си спомнат за нас и ако не има во нивните албуми на спомените значи дека сме ја оправдале нашата професија”.
Нека ти е честит денот, учителу, даскале, просветителу!” – завршија учениците.
Денот на учителот денеска се прослави и во останатите седум основни училишта во општината Кисела Вода.



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved