Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


6/24/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
АД Цементарница Усје – Титан донираше детско игралиште во градинката “Сончоглед”
07.10.2011

Денеска со пригодна програма заврши традиционалното одбележување на првата недела во месец Октомври, односно Неделата на детето во двете детски градинки во општината Кисела Вода.
За таа цел, во сите осум објекти на двете детски градинки во општината се реализираа бројни активности за одбележување на детската недела, во кои главната улога ја имаа дечињата.



Централната свеченост со која финишираше одбележувањето на целонеделната манифестација се одржа во градинката “Сончоглед”. Пред бројни гости, родители, бизнисмени, со балетска претстава се претставија дечињата, а уметничко програмскиот дел изобилуваше со прекрасни точки во изведба на дечињата.
Манифестацијата ја одбележа и добротворниот гест на менаџментот на компанијата Цементарница Усје – Титан, кои во знакот на добрата соработка со општината Кисела Вода и градинката “Весели Цветови” изградија детско игралиште во дворот на објектот “Синоличка”.




Директорката на градинката “Весели Цветови”, Павлина Карамазова срдечно се заблагодари за оваа голема донација и укажа на фактот дека покрај општината, градинката наоѓа сојузник и во приватниот сектор со единствена намера за создавањње на што е можно подобри услови за развој на најмладите.
Успешната соработка со општината Кисела Вода, основните училишта и градинките во општината ја потенцираше и извршниот директор на компанијата Цементарница Усје – Титан, Борче Хрисафов, кој нагласи дека соработката со општината и останатите јавни установи со несмалена динамика ќе продолжи во следниот период.
Присутните ги поздрави и претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Звонко Спасовски, кој порача дека нема поубав начин да се одбележи Светската недела на детето освен со изнудување на детска насмевка преку создавање на свет по мерка на детето.
Спасовски потсети дека општината со сопствени средства, но и со средства од меѓународни фондови перманентно инвестира во објектите на двете детски градинки. - “Доказ за тоа, е и добиениот проект од Светската банка за банка за спроведување на мерки за подобрување на енергетската ефикасност на неколку јавни згради во општината, во рамките на ГЕФ Проектот за одржлива енергија. Со овој проект се опфатени основното училиште “Партение Зографски” и ЈДГ “8 - ми Март”  за објектите “Пеперутка 1”  и ”Пеперутка 2” во Драчево, како и ЈДГ “Весели Цветови” за објектот “Синоличка”.- информираше Спасовски.



“Добро е што на патот на развојот на децата се вклучува и приватниот сектор. Ја користам оваа прилика срдечно да им се заблагодарам на нашите пријатели од менаџментот на компанијата АД Цементарница Усје – Титан, кои со донацијата на ова детско игралиште уште еднаш ја потврдуваат својата општествена одговорност за грижата за општото добро, а особено за грижата за нашите најмлади.” – заврши тој.
Игралиштето е на површина од 70 квадратни метри, изградено е по важечките стандарди, а во него поставени се детски реквизити кои одговараат на возраста на децата.



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved