Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


6/25/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Учениците од Кисела Вода ќе учат за органска храна
13.12.2011

Денеска во основното училиште “Св. Климент Охридски” со практична настава во стаклената градина започна да се реализира проектот “Да ги обучиме децата да го направат вистинскиот избор за себе и за животната средина”. Целта на проектот е едукација на наставниците и учениците од основните училишта за можностите и потребата за запознавање на процесите и условите на производство на здравата, особено органската храна и добробитта од употреба на ваквата храна.
 “Намерата е на учениците во основните училишта во општината Кисела Вода, преку најразлични образовни и креативни активности од оваа сфера да им понудиме за возраста прифатливи и целосни информиции за користа од консумација на здравата храна, особено онаа што е од органското производство” – вели Елизабета Јаневска од Секторот за образование во општината Кисела Вода.
Проектот започна да се реализира најпрвин во основното училиште “Св. Климент Охридски” во селото Драчево, а во текот на овој и следниот месец ќе се реализираат информативни предавања и во останатите седум основни училишта во општината.
“Како пилот – проект го избравме основното училиште “Св. Климент Охридски” во Драчево, бидејќи тука веќе постои стаклена градина која за оваа намена целосно ќе ја реконструираме во следниот период, а учениците под контрола на своите наставници ќе можат практично да го реализираат процесот на производство на органска храна” – заврши Јаневска.
 Проектот предвидува младите да се мотивираат и обучат за консумирање и афирмирање на производство на органска храна од растително и животинско потекло.
За учениците од прво до четврто одделение намерата е еднаш во две недели во рамки на предметот запознавање на природата и општеството да се организира настава која ќе биде посветена на органското производство на храна.
За учениците од петто до осмо одделение ваквата едукација е исто така предвидена да се одржува еднаш во две недели во рамки на предметот биологија.
Согласно проектот, ќе се изготват брошури (прирачници) наменети за наставниците во која ке се објаснат генералните предности на здравата исхрана и ќе се предложат 20 можни наставни единици во траење до 15 минути. Ваквите предавања на часовите ќе послужат за мотивација на учениците подобро да ја запознаат и да се борат за употреба на здравата органска храна, а предвидено е да се изработи и пилот проект за формирање училишна фарма за одгледување на органски зеленчук ( домати, пиперки, краставици, моркови...) и мини фарма за кокошки.
 “- За две години, што е веќе пракса во САД, Канада, но и во Србија, учениците од фармите обезбедуваат средства за финансирање на вонучилишните активности и екскурзии, а создаваат и навика за ширење на овој вид производство  во нивните семејства.” – вели Живко Георгиевски, од компанијата “Интернационал Валуе Агенски” од Скопје, која е партнер на општината Кисела Вода во реализација на проектот.
За поефективна реализација на проектот ќе се одржат неколку предавања од страна на експерти наменети за наставниците по соодветни предмети за основите и предностите на органската исхрана, а ќе се изработат и испечатат илустративни постери кои ќе се постават на соодветни места во училиштата и кабинетите. Постерите ќе ја промовираат идејата за „ кругот на здравиот живот’’ и ќе имаат потрајни едукативни пораки.






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved