Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


4/22/2019 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Градоначалникот Ѓорчев се сретна со пензионерите од Кисела Вода
14.12.2011

Денеска во салата за состаноци во општината Кисела Вода, градоначалникот Ѓорчев и претседателот на Советот на општината, Звонко Спасовски се сретнаа со претставници на Сојузот на пензионери на општина Кисела Вода. Состанокот се одржа на инцијатива на градоначалникот Ѓорчев со цел одблиску да се информира за активностите кои ги реализира Сојузот, за проблемите со кои се соочуваат, но истовремено и да ги информира пензионерите за активностите на општината Кисела Вода во овој период кои се насочени кон нивна поддршка.
Претставниците од Сојузот на пензионерите  го информираа градоначалникот за тоа колку простории имат во нивна сопственост, колку простории изнајмуваат и со колкави трошоци се соочуваат за плаќање на кирија, а срдечно се заблагодарија за петте простории на клубот на пензионерите кои ги користат во месните заедници во општината.
Пензионерите се интересираа за сопственоста на некои објекти во општината, особено за киното во Кисела Вода, за каде инсистираа да добијат простор за нивно делување и активности доколку овој објект премине во сопственост на Општината.
Исто така, претставниците од Сојузот се интересираа за тоа дали Општината планира изградба на старски домови и доколку постои таква можност претставниците на Сојузот информираа дека се подготвени и тие да инвестираат  во рамките на своите можности.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев истакна дека пензионерите се многу важни чинители на живеењето на општината Кисела Вода и општината Кисела Вода во сите проекти кои се врзани за месните заедници ги  вклучува и пензионерите.
Градоначалникот Ѓорчев информираше дека општината за следната година планира да изгради нов објект за месната заедница Пржино, каде ќе предвиди соодветна просторија за пензионерите, а слични вакви простории ќе бидат обезбедени и во другите два објекти на месните заедници Црниче и Пинтија.
Во врска со можноста за изградба на старечки домови, градоначалникот Ѓорчев укажа на проектот за Домот за зависници и намерата истиот да се префрли на нова локација во Бардовци, со што би се создале одлични услови за искористување на постоечките просторни капацитети за изградба на поликлиника, односно за старечки дом.




 


 



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved