Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Пуштен во употреба новиот мост на каналот “Мала Рада” во с. Драчево
03.10.2012

Жителите на селото Драчево, по повеќегодишни барања, конечно добија мост на реката „Мала Рада”. Денеска, пред повеќе од стотина граѓани градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, заменик - министерот за локална самоуправа, Сашо Лазаревски и директорот на ГД “Бетон”, Трајче Трпевски, свечено го пуштија во употреба новоизградениот мост на каналот на “Мала Рада”, кој ги поврзува селото и населбата Драчево.
-“Мостот на реката „Мала Рада„ беше едно од приоритетните барања на жителите на селото и населбата Драчево во изминатите неколку години и ветувањето кое го дадовме пред три години пред жителите, денеска се исполнува. Со неговото пуштање во употреба денеска сметам дека сме направиле чекор напред во она што се нарекува заедничка работа со граѓаните и сметам дека така треба да продолжиме и понатаму.” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Тој порача дека со изградбата на мостот максимално се придонесе да се урбанизира и овој дел од општината, а земјоделците од селото Драчево веќе нема да мораат да преминуваат преку коритото на “Мала Рада”, туку преку новиот модерен мост ќе можат да отидат до своите земјоделски насади.
Пофални зборови за проектот имаше и заменик – министерот за локална самоуправа, Сашо Лазаревски.
-“Во името на Владата на Република Македонија сакам да го поздравам и да му честитам на градоначалникот Ѓорчев за реализацијата на еден ваков капитален проект за жителите на Драчево и воедно да им упатам порака на сите градоначалници да го следат овој позитивен пример и на ваков начин да ги решаваат проблемите на граѓаните” – порача Лазаревски.
Конструкцијата на мостот ја доби својата физиономија согласно со усвоеното решение, со кое, се премостува распон од 21,80 метри со плочеста конструкција со три отвори. Самиот мост пак, се состои од два строја. Главната носечка конструкција од горниот строј се состои од монтажни, класично - армирани плочести носачи со должина од 7.1 м и дебелина од 0.50 м (во фаза 1) и монолитна плоча со дебелина од 0.20 цм (фаза2).
Долниот строј е составен од два крајни, два средни столба и четири крилни ѕидови, кои се изведени од армиран бетон.
Коловозот на мостот е со широчина од шест метри, а се изградија и тротоари од двете страни. Од двете страни на мостот се поставени банкини и канделабри.
Градежните работи ги изведуваше ГД “Бетон”, а општината Кисела Вода за овој проект, од општинската каса, издвои 20 милиони денари за изградба на мостот и за реконструкција на пристапните улици во должина од околу 800 метри. 






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved