Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Населбата Расадник доби нов сообраќаен влез
06.10.2012

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Звонко Спасовски и директорот на ЈП “Улици и патишта” – Скопје, денеска ги пуштија во употреба двете новоасфалтирани улици со кои населбата Расадник доби нов сообраќаен влез кај ресторанот “Ексклузив”. Проектот за асфалтирање на сообраќајната мрежа во новата населба Расадник, која се реализираше во 2007 година и која беше обременета со докрај недефинирани имотно-правни односи, денеска веќе добива своја разрешница.
Општината Кисела Вода во изминатиот период ги асфалтираше дел 1 и дел 2 од новопроектираната улица во Расадник во вкупна должина од 400 метри. Коловозот на новоасфалтираните улици е со просечна ширина од 6,5 метри, а се изградени и тротоари, односно рабници од двете страни на коловозот. 
-“Денеска граѓаните на Кисела Вода, особено жителите на нас. Расадник добија нова магистрална улица, која се поврзува со ул. “Народни Херои” и која овозможува уште едно поврзување со нас. Кисела Вода. За општината, ова е многу важна улица, бидејќи истата се наоѓаше на приватен имот и по долги преговори со имателите на овој посед, фамилијата Димишкови, конечно успеавме да создадеме ново сообраќајно поврзување меѓу нас. Расадник и овој дел од Кисела Вода” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Тој порача дека голем проблем за оваа населба се и јавните паркралишта, имајќи во предвид дека голем дел од Расадникот е приватно земјиште. “-Пред две години во овој дел од Расадникот изградивме паркинг со капацитет за околу 150 возила, а во следниот период по должината на улицата планираме изградба на нови паркинг места со што сметам дека нас. Расадник ќе ги добие сите елементи на модерна и атрактивна населба за живеење” – заврши Ѓорчев. 
Со асфалтирањето на овие недовршени улици се затвори сообраќајниот круг во населбата и сообраќајно се растоварија останатите приоди кон станбените згради во нас. Расадник.
Градежните работи ги изведуваше ЈП “Улици и патишта” – Скопје, а општината за овој проект од својот буџет издвои околу 4 милиони денари.






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved