Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се пушти во употреба повеќенаменското спортско игралиште во нас. 11-ти Октомври-згради
12.10.2012

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и претседателот на Советот, Звонко Спасовски денеска го пуштија во употреба повеќенаменското спортско игралиште во населбата 11-ти Октомври – згради.
Во изминатиот период тој простор беше хортикултурно уреден со различни содржини. Проектот за урбанизација на оваа локација се изведуваше во неколку фази.
Првата фаза, што финишираше со реализација минатата година, опфати раззеленување на просторот на површина од околу 3000 квадратни метри, изградба на пешачки патеки и поставување на нова урбана опрема.
Втората фаза од овој проект што се реализираше летово, опфати дополнително хортикултурно и партерно уредување, како и изградба на повеќенаменско спортско игралиште за фудбал, ракомет и кошарка. Игралиштето се простира на површина од 1000 квадратни метри, оградено е со висока ограда од шест метри, а околу него се изградија пешачки патеки со широчина од по два метри и на вкупна површина од околу 300 квадратни метри. На теренот се поставени два гола за рекреативно спортување мал фудбал и ракомет и четири коша за рекреативно играње кошарка. Поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за посетителите. За најмладите се поставија 2 нови детски реквизити лулашка и вртелешка, а околниот простор е разубавен со ново зеленило од околу 3000 квадратни метри со хидрантска мрежа, хортикултурно е уреден просторот со зимзелени и листопадни садници, а поставена е и чешма за вода. 
Со реализација на овој проект, целокупниот простор од приближно 9400 квадратни метри, што беше запуштен, обраснат со трева и со грмушки, конечно,  се претвори во убаво катче за одмор и рекреација.
Целокупниот проект општината ја чинеше околу 4,5 милиони денари.






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved