Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Соопштение до јавноста
22.10.2012

Почитувани,
Општина Кисела Вода во врска со неодамнешните настани поврзани со спомен –обележјето, скулптура: “Македонски војвода на коњ” сака да ја извести јавноста за следново:
1. Станува збор за заеднички проект на Владата на Република Македонија, односно Министерството за култура и Општина Кисела Вода, согласно кој општината во изминатиот период имаше обврска да го изгради постаментот и да го уреди околниот простор, додека Министерството за култура на општината Кисела Вода наменски префрли средства за идејното решение и леењето на споменикот.
Општината во 2010 година објави Конкурс за избор на идејно решение за подигање на спомен-обележје ,,Македонски војвода на коњ” по што беше избрано идејното решение на авторот Миле Брцески.
Постаментот го градеше фирмата “Нела Ар” од Скопје, додека скулптурата се лееше во српската леарница “Јеремиќ”, која во рок од шест месеци ја излеа и ја испорача во општината.
Во јуни 2012 година спомен-обележјето ,,Македонски војвода на коњ” (петметарски коњаник излеан во бронза), беше поставено на мермерен постамент, висок 3,5 метри со партерно уредување на местото наречено “Чешма”. Во моментов привршува со изградба околното партерно уредување на локалитетот.
2. Општината Кисела Вода ќе го извести Министерството за култура околу постапката за која Советот на општината Кисела Вода треба да донесе одлука за прецизирање на ликот на спомен обележјето “Македонски војвода на коњ”, откако веќе стана извесно дека граѓаните во ликот на “Македонскиот војвода на коњ” го препознаваат Тодор Александров.
3. Општина Кисела Вода најостро ги осудува сите постапки на одредени поединци кои со своето вандалско и нецивилизирано однесување вршат сквернавење на спомен обележјето.


Со почит,         
Општина Кисела Вода

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved