Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Промовиран отчетот “Општина Кисела Вода 2009 – 2012”
26.10.2012

Денеска, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Марјан Ѓорчев одржа прес - конференција на која го промовираше Отчетот за работата на општината Кисела Вода во периодот од 2009 – 2012 година.
“Гледано од аспект на политиката што ја деклариравме и која ја преточивме во наше мото на локалните избори во 2009-та година –“Заедно можеме повеќе”, можам со сигурност да заклучам дека добиената доверба од граѓаните ја оправдавме.” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Отчетот е на 68 страници, во кои се наведени најзначајните реализирани проекти во сите области, сите комунални и инфраструктурни проекти реализирани во месните и урбани заедници, како и проектите во спортот, културата, образованието и останатите општествени сфери во надлежност на општината.
Правејќи ретроспективен  пресек на реализираните проекти, градоначалникот Ѓорчев ги напомена проектот за водоснабдување на месноста Порупи во Драчево, изградбата на две нови спортски сали во општината, како дел од проектот на Владата на Република Македонија, проектот за нов водовод и реконструирани улици во Усје, реконструкцијата на пет локални патишта, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој, изградбата на мостот на каналот “Мала Рада”, набавката на два специјализирани камиони за собирање на комуналниот смет од домаќинствата од руралните делови во општината, со што конечно почна да се решава хроничниот проблем со сметот во општината.
Се изградија и нови паркови во општината (Пушкин, Шопен, Македонија, мини-плоштад во с. Драчево), редовно се чистеа отворените канали и дивите депонии, а финишира и капиталниот проект за системско решение за одведување на фекалните отпадни води од селото, населбата Драчево и месноста Потстаница, започната во 1982 година.
“Мора да напоменам дека еден дел од капиталните проекти ги реализиравме со финансиска поддршка од меѓународни финансиски институции. Тука ќе ги напоменам проектите за решавањето на деценискиот проблем со поплавување со изградба на атмосферската канализација на ул. “Мариовска” и “Народни Херои”, проектот за атмосферска канализација во нас. 11-ти Октомври – бараки и проектот за водовод во Пинтија во должина од 10 км, за што општината се задолжи во Светската банка во висина од 1,7 милиони евра. Се реализираа проекти и во делот на енергетската ефикасност во неколку објекти во училиштата и градинките, а со финансиска поддршка од Светската банка, УСАИД и други меѓународни институции” – посочи градоначалникот Ѓорчев.
“- Не беа запоставени ниту проектите во делот на културата и спортот, за што можат да посведочат и реализираните културни манифестации, пред се “Културното лето Три круши”, кое стана препознатлив културен бренд на општината, која ги негува и афирмира македонската музика, фолклор и црковното пеење. Во делот на спортот, ќе напоменам дека училишниот спорт во Кисела Вода од страна на Федерацијата на училиштен спорт е прогласен за најмасовен и најорганизиран училиштен спорт во Македонија” – изјави Ѓорчев.
Тој ја пофали и одличната соработка со Градот Скопје и Владата на Р.М., со кои во изминатиот период се реализирани бројни проекти во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните.
На прес – конференцијата присуствуваше и претседателот на Советот, Звонко Спасовски, кој информираше дека од првата конститутивна седница на 16.04.2009 година досега, Советот одржа вкупно 49 редовни пленарни и 7 свечени седници, на кои се донесени преку 400 правни акти и 20 Детални урбанистички планови.
Отчетот во следниот период ќе биде дистрибуиран до секое семејство во општината, а сите заинтересирани граѓани електронска верзија на отчетот можат да видат и на општинската веб – страница.




 



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved