Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се пушти во употреба првата делница од проширениот и реконструиран бул. “Борис Трајковски”
30.10.2012

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, денеска /30.10.2012 година/ и официјално ја отворија за сообраќај првата делница од проширениот и реконструиран булевар Борис Трајковски во општината Кисела Вода, којшто во изминатиов период се градеше на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1 380 метри.
- Со проширувањето, постојната тесна улица се трансформираше во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Проширувањето на коловозот се одвиваше по левата страна (гледано во насока од Центар кон Драчево) до општинските бараки во Кисела Вода, а потоа, до Расадникот по двете страни. На потегот од „Рампа“ до општинската зграда, од десната страна на коловозот е формиран тротоар со променлива широчина, а од левата страна на коловозот е изграден тротоар со велосипедска патека со широчина од три метри. На потегот од општинската зграда до Расадник од десната страна на коловозот е формиран тротоар со широчина од 2,5 метри, а од левата страна на коловозот тротоарот и велосипедската патека се широки 4 метри. Кај поранешната фабрика за производство на сапун, од левата страна на коловозот е изграден потпорен ѕид во должина од 170 метри. Во текот на проширувањето на коловозот на оваа делница беше поставена и атмосферска канализација во должина од 1 380 метри со променлив профил (од Ф 400 до Ф 600 милиметри) - рече градоначалникот Трајановски.
Тој додаде дека градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски продолжуваат на втората делница од оваа сообраќајница, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1 126 метри.
- Булеварот Борис Трајковски и на овој дел ќе добие 4 коловозни ленти широки по 3,5 метри. Од двете страни на коловозот се градат тротоари. Проширувањето на коловозот на оваа делница ќе се искористи за да се постави атмосферска канализација во должина од 1 126 метри со променлив профил (од Ф 500 до Ф 800 милиметри). Постојниот армирано-бетонски мост над Усјанскиот канал се реконструира и тој ќе добие 4 коловозни ленти со пешачка и велосипедска патека. Со комплетното завршување на капиталниот проект за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, оваа прометна сообраќајница ќе добие нов лик во вкупна должина од 2,5 километри.
На проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски работат екипите на конзорциумот „Алпине Бау“ и Жикол од Скопје. Во овој проект Градот Скопје вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје. Сакам да им се заблагодарам на жителите на Кисела Вода за покажаното трпение додека траеја градежните работи на овој прометен булевар и да нагласам дека добрата соработка со Владата на Република Македонија и со општината Кисела Вода овозможи решавање на еден од најгорливите проблеми во овој дел од градот - нагласи градоначалникот Трајановски.
Премиерот Груевски, во своето обраќање, истакна дека Градот Скопје во последниве четири години доживува вистинска инфраструктурна трансформација и дека Владата на Република Македонија и во иднина ќе ги поддржува проектите што се од голема корист за сите граѓани.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев истакна дека овој проект е резултат на добрата соработка на општината Кисела Вода со Градот Скопје и со Владата на Република Македонија и еден од најсложените и најуспешните на подрачјето на оваа општина.
“-Постоеше една општа народна желба на целото граѓанство потегот на ул. “Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) од старата Рампа до крстосницата со ул. “Народни Херои” во должина од 1.4 км да биде изведен сега, а истовремено да се изведува и потегот од крсотсницата со бул. Србија до влезот во Стаклара. На таков начин со реализација на овој капитален проект, Владата на Република Македонија, во најголем дел градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и општината Кисела Вода со своја локална логистичка контрибуција покажавме дека знаеме да ги читаме народните потреби” – посочи градоначалниот Ѓорчев. 





 


Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved