Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
ОУ “Св. Климент Охридски” е домаќин на учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј” од Бугарија
02.11.2012

Во периодот од 01-04.11.2012 год. најстарото основно училиште во општината Кисела Вода “Св. Климент Охридски” е домаќин на учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј”, во рамките на имплементација на меѓуучилишната соработка, која е дел од проектот “Проверка на реалноста- Како ја восприемаме реалноста преку медиумите” организиран од АЦЕС (Академија на училишта од Централна Европа).
По поднесените апликациони документи во април 2011, во конкуренција од 178 поднесени проекти, кои вклучуваат 415 училишта од 13 држави, одбрани се 44 проекти(со 107 училишта) кои АЦЕС  ги финансира за реализација на проектите. Училиштето Св. “Климент Охридски” е наградено со грант од 1600 евра за спроведување на планираниот проект, во соработка со ОУ “Св. Кирил и Методиј” од Смолјан – Република Бугарија.
“-Генералната цел на проектот е да се подигне свеста за медиумите, кои не само што не информираат и не забавуваат, туку исто така и влијаат врз начинот на кој ја восприемаме реалноста.  Мас-медиумите, особено дигиталните, овозможуваат поширок пристап до информациите и нудат нови начини за наше учество, но исто така има и ризик за манипулација со информациите. Затоа „писменоста за медиумите“ претставува клучен фактор за активниот граѓанин во денешното општество и им овозможува на учениците да пристапат до медиумот, да анализираат, оценуваат и да создадат свои медиа производи, а на тој начин учат да станат одговорни приматели на информации, но и креативни создавачи на информација.” – вели Наташа Старделова, одговорен наставник за овој проект.
Старделова, која е наставник по англиски јазик, заедно со Валентина Трајкоска – наставник по македонски јазик и Гордана С. Ангелковска- наставник по етика, граѓанско образование, фолозофија, се одговорни за реализација на активностите на околу 60 ученици од двете училишта во овие неколку дена.
“-Проектот е замислен како проект со партнер училиште, основното- средно  училиште Св. Кирил и Методиј во Смолјан, Р. Бугарија, е партнер на нашето училиште Св. Климент Охридски. Нашите ученици ќе се фокусираат на одржување на интересни работилници со филмски режисери, истражување на мрежата, креирање на музички видеа и реклами и уредување на училишен весник. Додека пак учениците во Бугарија ќе креираат веб-страна за проектот, компјутерски презентации, ќе емитуваат училишно радио и промотивни брошури.” – појасни наставникот Валентина Трајкоска. “ -На овој начин ќе се постигне различност во нивното знаење кое ќе можат да го споделуваат и споредуваат за да ја разберат комплексноста, контрадикторноста и контраверзноста на медиумите, но уште поважно учениците да научат да ги имаат вистинските прашања, не само вистинските одговори.” – додаде Трајкоска.
Наставникот по етика, граѓанско образование, фолозофија, Гордана С. Ангелковска информираше дека учениците ќе бидат обучувани од стручни медиа работници (новинари и режисери) и наставници кои преку неформални работилници во двете училишта ќе поттикнат размислување за свесноста за медиумите а исто така ќе развијат и медиумски вештини, кои ќе имаат можност да ги презентираат на локалната заедница.
Ќе бидат организирани две  меѓуучилишни средби, една во Македонија и една во Бугарија. Првата средба која се реализира во моментов има за цел запознавање, мотивација преку работилници за  учениците да стекнат претстава за влијанието на медиумите и да стекнат вечтини потребни за идните активности.
На втората средба ќе се изврши промовирање и евалуација на проектната работа.
Притоа, секое од училиштата ќе формира свој АЦЕС центар кој ќе ги организира активностите во локалната заедница. Секој од учесниците ќе се здобие со знаење да создаде свое ЦВ и да води свој АЦЕС дневник во кој ќе ги забележува новите вештини, искуства и впешатоци. Истовремено, ќе биде создаден заеднички блог за проектот. Ќе се води албум за активностите на АЦЕС. Планирани се 2 улични презентации и претстави, снимки, презентации на проектот, презентирање на проектот преку ТВ и дневен печат.
“ - Проектот е замислен како креативен и забавен, со неформални интерактивни методи. Учениците ќе имаат можност да се сретнат и да зборуваат со искусни новинари кои ќе ги споделат своите искуства со нив. По обуката учениците ќе се обидат да создадат свои медиа продукти. По средбата со режисерите за документарни филмови учениците самите ќе пробаат да напишат сценарио за драма/видео, која може да се постави за изведба.”- информираше наставникот Ангелковска.






 


 



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved