Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Соопштение до јавноста
11.11.2012

Општина Кисела Вода сака да ја информира јавноста дека започнаа подготвителните работи за изградба на нова училишна зграда за ОУ “Рајко Жинзифов”, која ќе  биде целосна донација од Владата на Народна Република Кина. Станува збор за најголемата кинеска донација во државава во делот на изградба на објекти за изведување на воспитно – образовната дејност.
Писмата за соработка помеѓу Владите на Народна Република Кина и Република Македонија беа потпишани во месец Ноември 2011 година, по што следеа активности за скенирање на теренот, изготвување на проектно – техничка документација, отстранување на старите и дотраени азбестни бараки на училиштето и потпишување на Договорот помеѓу општината Кисела Вода и Интернатионал Енгинееринг Цорпоратион, компанија овластена од НР Кина. Договорот ги потенцира обврските на македонската и кинеската страна, временската рамка за изведување на активностите, според која завршетокот на работите на училишната зграда е одреден на 01. Ноември 2013 година. Во Договорот е дефинирана и вкупната сума на проектот која изнесува 32.000.000 РМБ (Јуани), или околу 3.900.000 евра. Согласно Договорот, градежните активности ќе ги изведува македонска компанија, надзорот на проектот ќе го вршат македонски и кинески инженери, а сите матерјали потребни за реализација на проектот ќе бидат испорачани од НР Кина.
Мора да потенцираме дека активностите за реализација на овој капитален проект се одвиваат согласно предвидената динамика, зацртана во временската рамка. Тоа подразбира дека во моментов се изготвуваат подготвителни работи (оградување и ископ) на локацијата. Истовремено, првите два контејнери со железните конструкции се на пат за Република Македонија. Тоа потврдува дека нема застој во имплементацијата на проектот. Напротив, проектот постепено ја добива својата физиономија.
Општина Кисела Вода најостро ги осудува сите активности на одредени политички партии кои ги злоупотребуваат децата во предизборни цели. Општината ќе ја разбереше реакцијата на секој родител доколку беше насочена кон несоодветните услови во кои нивните деца учеа претходно. Основно училиште изградено пред 50 години, со комплетно азбестни прегради и околни ѕидови, со дотраена електрична инсталација и нефункционална фекална канализација.
Уште помалку не можеме да ја разбереме политички инструираната реакција, особено имајќи го во предвид фактот дека повеќе од 800 ученици за неполна година ќе учат во најмодерната училишна зграда во Република Македонија.


Со почит,


Општина Кисела Вода


Во прилог се дел од изјавите на градоначалникот Ѓорчев дадени на денешната прес-конференција (11.12.2012 година), како одговор на протестот:


“- Се надеваме дека роковите од Договорот, Ноември 2012 – Ноември 2013 год., ќе бидат испочитувани и дека догодина во овој период веќе ќе го пуштиме во употреба новото училиште. Општина Кисела Вода има обезбедно во својата програма, доколку се јават некои непредвидени расходи при изведбата на овој проект, да учествува со своја локална контрибуција, онолку колку што ќе биде потребно”. – напомена градоначалникот Ѓорчев на прес-конференцијата.
“За учениците, општината Кисела Вода се погрижи да го следат наставниот процес во две други училишта. Дел од учениците учат во ОУ “Кузман Шапкарев”, а дел во гимназијата “Браќа Миладиновци” кои се оддалечени од 500-700 метри од локацијата на ОУ “Рајко Жинзифов”. Во таа една година, додека се гради новото училиште, општината во соработка со останатите училишта ги презеде сите мерки за редовно и нормално одвивање на воспитно-образовниот процес, се до моментот на пуштање во употреба на новото училиште кое ќе им служи на генерации и генерации нови ученици” – потенцираше градоначалникот Ѓорчев.
На новинарско прашање за протестот во врска со изградбата на училиштето градоначалникот со свој став: “– Мене ми е жал што на ваква голема донација во образовниот систем во РМ, која што е обезбедена од една општина се прават политички шпекулации. Родителите, училишниот одбор се запознаени и пресреќни што после 50 години општината смогна сили со донација да изгради ново училиште. Сето друго е подлога за различни политички шпекулации, особено во предизборниот период, кое одредени политички партии го користат за комерцијален маркетинг и политичка комуникација со граѓаните.” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
На прес-конференцијата присуствуваше и директорот на ОУ “Рајко Жинзифов”, Стефче Василевски, кој ги информираше новинарите дека воспитно-образовниот процес на учениците од ова училиште се одвива целосно, без никакво кратење на наставата. “- Учениците се сместени во нормални услови за настава и истата се одвива согласно плановите и програмите за настава од Бирото за развој на образованието” – изјави директорот Василевски.


Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved