Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Реализирано уште едно големо ветување од страна на Градоначалникот Ѓорчев
13.11.2012

Денес, со почеток во 13:00 часот , на плоштадот во с.Драчево, од страна на Општина Кисела Вода беше извршено примопредавање на фекалната канализација во Драчево во надлежност на ЈП Водовод и канализација - Скопје. На примопредавањето присуствуваа градоначалникот Марјан Ѓорчев, претседателот на советот Звонко Спасовски и генералниот директор на „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје, Стојан Србиноски. „Во 1982 година започна големиот проект, изградба на фекална канализација во Драчево. На почетокот на мојот мандат пред граѓаните на Драчево меѓу другото ветив дека до крајот на 2012 година ќе направиме се што е потребно за конечна реализација на овој децениски проект. Денес тоа ветување го реализираме. Со изградбата на кракот од фекалната канализација на ул. Речиште во должина од 960 метри и поврзување на целокупната канализација со фекалниот колектор во месноста Подстаница, завршија сите предуслови истата да биде примопредадена во надлежност на „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје“. – истакна Градоначалникот. На присутните граѓани во Драчево им се обрати и директорот на „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје Стојан Србиноски, кој истакна дека во иднина граѓаните ќе добијата поквалитетна услуга, ќе имаат почиста животна средина и хигиената ќе биде на далеку повисоко ниво со услугите кои ги нуди Јавното Претпријатие. По повод денешното примопредавање Градоначалникот Ѓорчев им додели плакети со благодарници на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Претседателите на МЗ с.Драчево и МЗ н.Драчево. Потоа беше организирана мала закуска, на која Градоначалникот Ѓорчев оствари бројни средби со граѓаните од Драчево.








 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved