Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се реконструираше паркот во Бирарија
19.11.2012

Најрепрезентативното место во месната заедница Бирарија, паркот каде некогаш постоела најстарата пиварница во Скопје, вчера светна во ново руво. Општината Кисела Вода во изминатиот период интензивно работеше на реконструкција и реновирање на паркот со замена на сите оштетени клупи и корпи за отпадоци, како и со поставување на нови детски реквизити за најмладите (лизгалка, лулашка и клацкалка). Истовремено, се изврши и реновирање на летниковецот со кружната клупа, збиралиштето на пензионерите од овој дел од Кисела Вода.
Реконструираниот парк во употреба го пушти градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари на претставниците од месната заедница за одличната организација. Тој посочи дека оваа инвестиција е на барање на сите жители од Бирарија, особено на пензионерите, кои во изминатиот период доставија и официјално барање до општината за реконструкција на оваа јавна површина.
Во паркот се изврши и реконструкција на зеленилото кое беше збогатено со три цветни алеи од зимзелени и декоративни растенија. Истовремено, беше поставено и симболично обележје “Кригла”, која ја симболизира првата пиварница во Скопје изградена токму на тоа место.
Паркот Бирарија со својата содржина дополнително ќе придонесе за продолжување на традицијата за организирање родендени, собири на граѓани, добротворни акции организирани од страна на невладини организации, школи, градинки и др.институции.







 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved