Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Миленковски како Меси, Таневски како Панчев
20.11.2012

Фудбалската лига изобилуваше со возбудувања, вистински фудбалски потези, евро-голови и  секако на крајот, ревија на нови фудбалски таленти. Мора да се напомене дека смената на генерацијата  во сите осум школски тимови се почувствува барем  на почетокот на сезоната, но како што изминуваа колата , така се играше поквалитетен фудбал.  По есенскиот дел, по одиграните четири  лигашки кола избраниците на тренерот Игор Зафировски,  како  лидери на табелата ја истакнаа кандидатурата за шампионската титула.  Тимот на ,,Круме Кепески“ има максимален учинок од 12 бодови со  импозантна гол разлика од  14 дадени  а примени само два гола. На второто место е пласирана екипата на ,,Невена Георгиева Дуња“ со девет бодови, додека ,,Кузман Шапкарев “ по киксот во четвртото коло во драчевското дерби со ,,Рајко“ одиграа само 1:1, сега се третопласирани со 7 бода. Интересна ќе биде пролетната сезона, затоа што дури 4 екипи кои освоија по 4 бода ,, Рајко Жинзифов“, ,,Кирил Пејчиновиќ“, ,,Партенија Зографски“ и Св Климент Охридски“  ја најавуваат кандидатурата за  четвртото место кое води во плеј-офот.  Надежта последна умира и за ,,Кузман Јосифовски Питу“ кој успеа во последното коло  да го прокнижи својот прв бод.   Инаку, што се однесува до фудбалерите кои ја означија есенската сезона, тука, неприкосновен е Мартин Миленковски од ОУ,,Круме Кепески“.  Лидер на екипата, брз, перфидните дриблинзи наликуваат на оние на Меси,  со инзвонреден преглед на теренот, голгетер кој  со леснотија ги совладува противничките голмани. Веднаш до него е и Филип Таневски од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ . Со евро голот постигнат во четвртото коло во дербито со ривалот ,, Кирил Пејчиновиќ“  само ја потврди оценката на стручните лица, дека се работи за одличен  фудбалер. Корпулентен, силен во дуелите, центарфор со чувство за простор  и ,,топовски“ удар  со двете нозе, како Панчев, се само дел од голгетерските вредности на Таневски.
Пролетниот дел бездруго ќе донесе нови возбудувања и пресврти во Лигата во мал фудбал, чиј покровител е градоначалникот Марјан Ѓорчев.  Во продолжение следат резултатите и конечната табела од есенската полисезона.  


УЧИЛИШЕН СПОРТ (сезона 2012/2013)
Есенска сезона


1 коло –17 ОКТОМВРИ (СРЕДА)


1. Кузман Јосифовски Питу-Кирил Пејчиновиќ         0:1 (0:1) 
2. Св.Климент Охридски-Невена Георгиева Дуња  0:3 (0:1) 
3. Круме Кепески-Рајко Жинзифов                            4:1 (2:1)  
4. Кузман  Шапкарев-Партенија Зографски             3:0 (1:0)


2 коло – 22 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
 
1. Кузман Јосифовски Питу - Невена Георгиева Дуња 0:2 (0:1) 
2. Св.Климент Охридски-Кирил Пејчиновиќ                  3:2 (1:1)  
3. Партенија Зографски-Рајко Жинзифов                       2:0 (1:0)  
4. Кузман  Шапкарев-Круме Кепески                              1:3 (1:2)    
5. 3 коло – 30 ОКТОМВРИ  (ВТОРНИК)-3 КОЛО
 
1. Партенија Зографски - Кирил Пејчиновиќ                  2:2 (1:2)  
2. Кузман  Шапкарев - Кузман Јосифовски Питу            4:1 (2:1)  
3. Рајко Жинзифов -  Св.Климент Охридски                   6:0 (3:0)  
4. Круме Кепески - Невена Георгиева Дуња                  2:0 (1:0)       
4 коло – 07 НОЕМВРИ  (СРЕДА) -4 КОЛО
 
1. Партенија Зографски - Круме Кепески                       0:5 (0:0)  
2. Рајко Жинзифов - Кузман  Шапкарев                         1:1 (0:1)  
3. Невена Георгиева Дуња - Кирил Пејчиновиќ            1:0 (1:0) 
4. Кузман Јосифовски Питу - Св.Климент Охридски     0:0 


Место на одигрување: спортска сала ,, Архиепископ Доситеј”.



ТАБЕЛА:
1. КРУМЕ КЕПЕСКИ                     4 4 0 0 14:2  12
2.  НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА ДУЊА  4 3 0 1 6:2  9
3. КУЗМАН ШАПКАРЕВ               4 2 1 1 9:5  7
4.  РАЈКО ЖИНЗИФОВ                4 1 1 2 8:7  4
 5. КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ             4 1 1 2 5:6  4
6. ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ        4 1 1 2 5:10  4
7. СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ       4 1 1 2 3:11  4
8. КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ 4 0 1 3 1:7  1




 


 


 


 



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved