Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Карате клубот “Маваши” од Драчево со медал од европското првенство во Италија
26.11.2012

Иако релативно млад, карате клубот “Маваши” од Драчево, кој постои од 2000 год., може да се пофали со многу успеси. Учеството на домашни и меѓународни првенства и купови и освојување на први, втори и трети места во поединечна и екипна конкуренција се редовна активност на овој карате клуб. Во клубот тренираат неколку државни прваци во различни конкуренции, а од пред шест години, овој карате клуб го организира меѓународниот карате турнир “Маваши опен” на кој учество земаат повеќе од 45 клубови од државава и странство со преку четиристотини натпреварувачи.
Минатиот месец претставници од клубот учествуваа на државното првенство во карате за кадети и јуниори во Велес, каде четворица натпреварувачи освоија неколку медали. Истовремено, Стефан Апостоловски и Дамјан Николин од карате клубот “Маваши” обезбедија учество на Европското, Медитеранското и Балканското првенство во карате.
На Европското првенствено кое неодамна се одржа во Лигнано-Сабиадоро, Италија, претставниците на карате клубот “Маваши” од Драчево во одлично светло ја претставија Република Македонија. Имено, македонската репрезентација во состав Дамјан Николин (КК Маваши), Стефан Апостолвски (КК Маваши) и Димитрија Димитровски освои сребрен медал во борби, во екипна конкуренција (категорија кадети), а Стефан Апостоловски освои бронзен медал во борби во поединечна конкуренција, исто така во категоријата кадети. Драчевските каратисти ги победија репрезентациите на Португалија и Англија, а во финалето изгубија од репрезентацијата на Украина со резултат 2:1.
На европското првенство во својство на судија (контролор на борилиште) се претстави и тренерот на карате клубот “Маваши”, Димче Савовски, карате мајстор – 6 Дан.




 


 


 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved