Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода домаќин на претставници од француската општина Ерувил од Долна Нормандија
27.11.2012

Успешното креирање и имплементирање на Локалната младинска стратегија од страна на Општина Кисела Вода е позитивен пример за соработка со невладиниот сектор и вклучувањето на младите во работата на локалната самоуправа. Токму ова позитивно искуство денеска, претставниците на општината Кисела Вода го презентираа пред колегите од општината Ерувил, Долна Нормандија.
Претставниците од општината Ерувил, предводени од заменик – градоначалникот за меѓународна соработка Нусит Куета, беа заинтересирани за процесот на изработка и имплементација на Локалната младинска стратегија и вклученоста на младите од општината Кисела Вода во работата и процесот на одлучување во локалната самоуправа.
Раководителот на одделението за соработка со невладин сектор во општината Кисела Вода, Снежана Сотироска накратко го објасни процесот на креирање на Локалната младинска стратегија, која општината ја усвои на Советот во 2011 година и ќе ја имплементира до 2015 година.
Дискутантите разменија искуства и идеји за подобрување и поактивно вклучување на младите во функционирањето на општината, а позитивен пример кој функционира во општината Ерувил е проектот “Куќа на младите”, во кој на младите им е овозможен простор за размена на идеји, пораки, искуства и дружба.
Посетата резултираше со донесување заклучок за подобрување на соработката помеѓу двете општини, особено во делот на размена на млади од двете општини и воспоставување соработка во делот на културната размена.



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved