Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Започна реконструкцијата на фекалната канализација на улиците “Христо Узунов” и “Партение Зографски” во Црниче
28.11.2012

Градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Кисела Вода продолжуваат со засилена динамика. По започнувањето на градежните работи за изградба на атмосферска канализација за неколку сервисни улици во нас. Драчево и изградба на фекална мрежа за ул. “Герника” во с. Драчево, денеска и официјално започнаа градежните работи за реконструкција на фекалната канализација на улиците “Христо Узунов” и “Партение Зографски” во Црниче.
Проблемот кој го имаа граѓаните со фекалната канализација во овој дел на Кисела Вода, конечно ќе стане минато. Барањата од страна на граѓаните на овие улици доставени до општината Кисела Вода веќе се реализираат од страна на градоначалникот Марјан Ѓорчев.
“Реконструкција на мрежата ќе се врши во должина од околу 300 метри, при што ќе бидат поставени полиетиленски ПП-ХМ канализациони цевски со дијаметар од 300 мм. На трасата ќе се постават и вкупно 8 ревизиони полипропиленски шахти со дијаметар 1000 мм” – информираше раководителот на Секторот за комунални работи во општината, Мирјана Јорданова.
Задоволството од реализацијата на овој проект не го криеа присутните граѓани.
“Од името на урбаната заедница Црниче, сакам најискрено да му се заблагодарам на градоначалникот Марјан Ѓорчев кој ги слушна нашите барања и ни излезе во пресрет за нива реализација. Реализацијата на оваа канализација ја чекавме повеќе од 10 години.” – порача претседателот на урбаната заедница Црниче, Петре Стефановски.
Изведувач на работите е фирмата Жикол Дооел од Струмица, а општината за реализација на овој проект од општинскиот буџет издвои околу 3 милиони денари.
Градежните работе се очекува да завршат за еден месец.




 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved