Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода ќе го имплементира проектот “Види, пријави, поправи”
29.11.2012

Новите информатички и телекомуникациски технологии и нивната примена во современото општество е веќе редовна појава. Имплементацијата на ваквите механизми во јавните и државни институции ја зголемува вклученоста на граѓаните во работата на институциите, ја зголемува транспарентноста на институциите, но и делува во насока на подобрување на услугите кои ги даваат институциите кон граѓаните. Токму еден ваков проект наскоро ќе започне да се применува и во општината Кисела Вода.
Општина Кисела Вода ќе биде првата општина во Република Македонија која ќе започне со имплементација на проектот “Види, пријави, поправи”. Основната цел на проектот е со помош на ИКТ – технологиите, особено интернетот, мобилните телефони и ГПС – навигацијата да се подобрат општинските комунални услуги.
Проектот беше промовиран во општината Кисела Вода од страна на Доц. Д-р. Зоран Јаневски од Економскиот институт од Скопје и Љупчо Деспотовски од Фондацијата ПСМ, а истиот е финансиски поддржан од УНДП.
 “- Ова е прототип модел, кој за првпат ќе се примени во Република Македонија, а се состои од андроид апликација, преку која секој граѓанин, учесник во сообраќајот, кој ќе забележи дупка на одредена улица, истата веднаш ќе може да ја пријави кај надлежните, преку фотографирање и сателитско лоцирање на точната позиција на ударната дупка. На тој начин граѓаните ќе можат директно да учествуваат во работата на општинските служби и навремено да ги информираат властите за подобрување на комуналната инфраструктура.” – потенцираше Доц. Д-р. Зоран Јаневски од Економскиот институт од Скопје.
Сите вакви пријави ќе се поставуваат на општинската веб-страница, а секој граѓанин ќе има можност да види до каде е постапката за решавање на комуналниот проблем.
-“Идејата е со помош на новите ИКТ-технологии, во процесот на идентификување и репортирање на надлежните за санација на дупките на улиците во општината, наместо само надлежните инспектори, да се вклучат сите учесници во сообраќајот кои се корисници и поседуваат мобилен уред за комуникација” – информираше Љупчо Деспотовски од ПСМ Фондацијата.
Меморандумот за соработка помеѓу општината Кисела Вода и ПСМ Фондацијата е потпишан, а имплементацијата се очекува да започне во месец Декември.




Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved