Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода ќе се збратимува со Општина Левски од Република Бугарија
29.11.2012

Општина Кисела Вода денеска и утре е домаќин на делегација од општината Левски, Република Бугарија, предводени од кметот на општината, г-ѓата Љубка Александрова и претседателот на Советот на општината, Дочко Дочев.
Гостите од Република Бугарија беа срдечно пречекани од домаќините, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, општинската администрација и членовите на Советот на општината. Градоначалникот Ѓорчев ги запозна гостите со генералиите на општината Кисела Вода, можностите и потенцијалите на општината за економски развој, како и со општествениот и културниот живот во општината. Тој ги претстави можностите и сферите во кои двете општини можат да соработуваат во иднина, а кои првенствено се однесуваат на обласите во делот на културата, спортот и образованието.
“-Можностите за соработка помеѓу нашите две општини се бројни. Со колешката од општината Левски, г-ѓата Љубка Александрова се договоривме партнерските односи и соработката примарно да ја започнеме во делот на културата и спортот. Тоа значи нашите културно-уметнички друштва да гостуваат кај нив, а нивните ансамбли да гостуваат на нашето културно лето “Три круши” – информираше градоначалникот Ѓорчев.
Тој укажа дека одлична соработка може да се спроведе и во делот на училишниот спорт.
“-Планираме соработката да се одвива паралелно и на спортско ниво. Веќе следната година, ученици од основните училишта од општината Левски може да учествуваат на меѓународниот куп “Св. Ѓорѓи”, кој општината го реализира во рамките на одбележување на својот патронен празник “6-ти Мај – Ѓурѓовден” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Гостите од општината Левски во рамките на службената посета присуствуваа и на 52-та пленарна седница на Советот на општината Кисела Вода и директно се запознаа со работата на Советот.
Ова беше прва официјална средба на претставниците од двете општини, а официјалната постапка за воспоставување партнерство и соработка ќе започне следната година, кога делегација од Општина Кисела Вода ќе ја посети општината Левски.
Општина Кисела Вода во април годинава воспостави меѓународна соработка и со општината Бахчелиевелер од Истанбул, Република Турција.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved