Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Нови тротоари и улични столбови во Општина Кисела Вода
04.12.2012

Општина Кисела Вода деновиве започна со интензивни градежни активности за изградба на нови тротоари на неколку сервисни улици на нејзината територија. Во насока на имплеметацијата на Програмата за комунални дејности за 2012 година, општината Кисела Вода издаде налог на фирмата “ИГМ Вратница” за поставување на павер елементи на две сервисни улици во нас. Кисела Вода. Имено, нов тротоар со површина од околу 260 квадратни метри се гради на ул. “Ѓорѓи Димитров” спроти економското училиште “Васил Антевски Дрен”, а нов тротоар со површина од околу 280 квадратни метри ќе добие и улицата “Иван Козаров”. Општината, за овие инвестиции од својот буџет одвои околу 920.000 денари. Градежните работи се очекува да завршат за 10 дена.
Активностите за урбанизација на јавните површини не запираат тука. Општината Кисела Вода е актуелна и со изградбата на нови линии за улично осветлување и редовното менување на оштетените улични светилки. Во изминатиот период, фирмата “Дигитал” од Струмица, по налог на општината Кисела Вода започна со поставување на нови улични столбови за јавно осветлување. Ова е редовна акција на општината за задоволување на барањата на граѓаните и со неа се опфатени сите 14 месни и урбани заедници. Досега, во М.З. Пинтија се поставени 25 нови улични столбови на улиците “Саса 2”, “Саса 30”, “Саса 4” и ул. “1439”. Во У.З. 11-ти Октомври – бараки, односно во населеното место Градинар, општината постави 3 нови улични столбови, како дополнение на постоечките. На ул. “Сердарот 6” во М.З. Потстаница, поставени се 2 нови улични столбови, додека пак 18 нови столбови за улично осветлување се поставени на неколку сервисни улици во М.З. Припор. 10 нови улични столбови се поставени во М.З. Усје, а исто толку столбови за улично осветлување се поставени и во селото Драчево.
Покрај активностите за поставување на нови мрежи и линии за улично осветлување, општината врши редовно сервисирање на мрежата, што е дополнително олеснето со процесот на нумерација на електричните столбови, активност која општината ја заврши измината година.  






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved