Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Отворен пункт за ИМП во Драчево, поликлиниката со најсовремен биохемиски анализатор
13.12.2012

Пункт за Итна медицинска помош (ИМП) е отворен денеска во рамки на поликлиниката во населбата Драчево. Ова е петти пункт на ИМП отворен на територија на Скопје, покрај постоечките во населбите Карпош, Чаир, Ченто и Аеродром. На отворањето на новиот пункт присуствуваа Министерот за здравство, Никола Тодоров, директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Д-р Татјана Баевска Вучковиќ и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев.
Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека кон Поликлиниката во Драчево гравитираат околу 80 илјади граѓани на една голема територија која, како што рече, досега била покривана од пунктот кој се наоѓа во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром. Пунктот, посочи тој, ќе има 24-часовна покриеност и во него ќе работи тим составен од доктор, сестра и возач.
- Многу лесно може да се пресмета колку е потребно на ИМП од пунктот во поликлиниката „Јане Сандански“ да дојде во Драчево, Студеничани или во Зелениково. Некогаш тоа може да биде и повеќе од 40 минути до еден час и на тој начин се губеше драгоцено време и ИМП не беше итна, беше многу бавна не само заради немање воља да се даде услугата, туку затоа што едноставно немаше можност тоа да се направи, истакна Тодоров.
Посочи дека со отворање на ИМП во Поликлиниката во Драчево се решава тој проблем.
- Се решава и проблемот на лабораторијата. Набавен е најсовремен биохемиски анализатор кој овозможува правење 400 анализи на час. Тука гравитираат од 100 до 150 пациенти дневно, кои досега овие услуги ги добивале во други поликлиники во Центар, „Јане Сандански“ или на друго место. На тој начин не само што им ја доближуваме здравствената услуга на граѓаните, туку и сериозно ги растоваруваме од гужви овие поликлиники каде досега тоа се правеше, рече Тодоров.
Со отворање на интернистичката служба во Поликлиниката во Драчево во пролетта годинава, укажа министерот, бројот на пациенти драстично се зголеми.
- Правиме напори заедно со директорката на Здравствениот дом-Скопје и директорите на клиниките да овозможиме еднаш до два пати неделно да имаме покриеност со специјалисти од оториноларингологија, офталмологија и дерматологија кои ќе бидат тука и ќе даваат здравствени услуги за граѓаните од овој регион. Сакаме тоа да биде еднаш до два пати неделно бидејќи не станува збор за итни патологии и на тој начин повторно ја доближуваме оваа услуга до граѓаните и ги растоваруваме клиниките, истакна Тодоров.
Ова се проекти, како што рече, кои го подигнуваат квалитетот на здравствената заштита.
- Се работи повеќе и на превенција затоа што со доближување на услугите до граѓаните, тие можат да ги добијат побрзо и поблиску до своето место на живеење. На тој начин правиме сериозна заштеда во целиот здравствен систем во Македонија, нагласи Тодоров.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека во Здравствениот дом - Скопје се вработени 23 лица, односно 16 доктори, четворица стоматолози и останатите тројца се преземени од други здравствени установи во Македонија.
Министерот Тодоров информира дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија неодамна во Драчево отвори своја подрачна канцеларија со што, како што додаде, се заокружува и административниот аспект на функционирање на здравствениот систем.
Извор: МИА






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved