Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општината Кисела Вода апелира на примена на мерки за заштита од пожари во станбени објекти
17.12.2012

Општинскиот противпожарен сојуз – Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода започна проект за информирање на граѓаните за заштита од пожари во текот на грејната сезона. Акцијата започна со спроведување обука на претставници од месните и урбани заедници за заштита од пожари, а деновиве општинскиот противпожарен сојуз – Кисела Вода започна со делење на флаери со мерки за заштита од пожари во станбените објекти во сите 14 месни и урбани заедници на територијата на општината.
Промотивните матерјали кои ги делат претставниците на општинскиот противпожарен сојуз – Кисела Вода содржат упатства и насоки за граѓаните за заштита од пожари, во услови на различни видови на затоплување на објектите.
“- Ако греењето е на дрво, јаглен, брикети и сл., неопходно е безбедно да се складира и чува огревниот матерјал. Редовно да се чистат оџаците, да се постави заштита од негорив матерјал пред ложиштетона огнот, а за потпаплување или разгорување на огнот да не се користи запалива течност. Запаливите предмети треба да бидат подалеку од изворот на топлина и мора да има постојан надзор и контрола над ложиштето. Запалениот оџак не смее да се гасне со вода, а пепелта и другите остатоци од огнот да се исфрлаат на безбедно место. На децата мора да им се предочи опасноста од игра со запалка, жар и оган.” – информираше претседателот на противпожарниот сојуз – Кисела Вода, Слободан Антонијевски.
Според Антонијевски, слични мерки на претпазливост треба да се преземат и доколку греењето во домовите е на електрична енергија, термо печки, греалки и слично, односно доколку граѓаните ги затоплуваат своите домови на гас пропан-бутан, метан или на течни горива. 
-“Како да си помогнеме?” – го запрашавме Антонијевски.
-“Сами можеме да се заштитиме од пожари ако навремено ги преземеме противпожарните мерки. Тоа значи редовна проверка на исправноста на електричната инасталација, проверка на апаратите за домаќинство, редовно да се проветруваат и чистат оџаците и димоводите од саѓи и внимателно користење на плинот и плинските апарати со цел да не дојде до истекување на плинот во затворен простор. Мирис на гас во домот претставува опасност од експлозија. Во ваква ситуација: се затвора и отстранува истекувањето на гасот, се проветруваат просториите, не смее да се користат запалки, вклучуваат електрични апарати, светилки или апарат кој искри.” – вели Антонијевски.
Тој нагласува дека граѓаните никако не смеат да импровизираат со осигурачите на електричната табла и да вршат калемење.
Акцијата продолжува и во следниот период, кога волонтери на општинскиот против-пожарен сојуз од Кисела Вода на најфрекфентните места во општината ќе ги делат промотивните матерјали и ќе ги информираат граѓаните за мерките за заштита од пожари.


Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved