Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Реакција од Општина Кисела Вода на изјавата на Љупчо Васовски
20.12.2012

Општина Кисела Вода е зачудена од денешната изјава на кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ, г-нот Љупчо Васовски во врска со работата на општинската администрација во изминатиот четиригодишен период. Чуди фактот што г-нот Васовски е жител на општината, одлично е информиран за сė што се случува во Кисела Вода, а сепак кажува невистини и груби политички манипулации со тенденциозна и злонамерна содржина. 
Најверојатно, г-нот Васовски не ги забележал позитивните ефекти од капиталните проекти кои ги реализираше Општина Кисела Вода во изминатите 4 години. Атмосферска канализација за улиците “Мариовска” и “Народни Херои”, атмосферска канализација во должина од 5 км во нас. 11-ти Октомври – бараки, 10-километарска водоводна мрежа во нас. Пинтија, нов асфалт во должина од преку 30 км во сите 14 месни и урбани заедници, фекална канализација во сите населени места во општината, воведување на мерки за енергетска ефикасност во училиштата и градинките, реконструкции на објектите на основните училишта и детските градинки во општината, доделување стипендии на талентирани ученици, нов мост на каналот “Мала Рада”, три нови големи паркови и еден мини-плоштад, набавката на камиончиња за поквалитетно собирање на комуналниот смет, редовно чистење на отворените канали и дивите депонии, организацијата на меѓународниот фестивал “Културно лето Три Круши” се само дел од проектите во долгата општинска листа на реализирани проекти.
Колку општината Кисела Вода е европска општина, говори фактот што Кисела Вода е лидер помеѓу општините во Република Македонија која го изоди трнливиот за одобрување финансиски средства од Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската Инвестициона банка за реализација на неколку капитални инвестиции, со кои значително се подобрија условите за живот на граѓаните.
Недвосмислена е и поддршката од Владата на Република Македонија со која се реализираа повеќе инфраструктурни проекти, а повеќе и од нелогично е г-нот Васовски да не ги забележи новите булеварски решенија за улиците “Борис Трајковски” и “Србија”, кои се реализираа од страна на Градот Скопје.
Грижата на општината за граѓаните се огледува и низ редовната посета на сите месни и урбани заедници и преку 300-те средби кои градоначалникот Марјан Ѓорчев и претставниците на општинската администрација ги реализираа во изминатите четири години.
Впрочем, сė она што досега е направено е плод на заедничка работа на општината и граѓаните. А граѓаните знаат тоа да го препознаат!!! 


Со почит,
Општина Кисела Вода

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved