Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се промовираше втората научно-истражувачка монографија за развојните тенденции на физичката активност кај учениците во општина Кисела Вода
27.12.2012

Големата сала на општина Кисела Вода вчеравечер беше средиште на голема спортска, но и научна манифестација на која се промовираше втората по ред научно-истражувачка монографија насловена како “Структура и развој на антропометриските, моторните, функционалните димензии и состојбата на постуралниот статус кај учениците од двата пола на возраст од 6 до 14 години од основните училишта во Општина Кисела Вода”. Пред голем број ученици, спортски педагози и вљубеници во спортот, раководителот на истражувањето, Д-р Чедомир Ј. Саздовски  во кратка електронска презентација ги презентираше резултатите од овогодинешните тестирања кај учениците.
Монографијата е производ на повеќемесечно истражување на популациското здравје на 5018 ученици од сите осум основни училишта во општината Кисела Вода, извршено од тим составен од преку 40 универзитетски професори, професори по физичко образование, истражувачи и соработници, а директно поддржано од општината Кисела Вода и Унијата на спортски педагози – Кисела Вода.
Раководителот на истражувањето, проф. д-р Чедомир Ј. Саздовски, во воведниот говор накратко ги претстави целите, методите и крајните резултати од истражувањето и се заблагодари на сите активни чинители, кои имале директно или индиректно учество во изработката на овој труд. Професорот Саздовски истовремено се заблагодари на директорите и наставниците од основните училишта за успешната соработка, а испрати особена благодарност до Градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и Советот на општината, без чија морална и материјална поддршка немало да се реализира овој проект.
-“На примерок од 5018 испитаници, од 6 до 14 годишна возраст, од основните училишта во Општина Кисела Вода, измерени се 6 антропометриски мерки, 3 варијабли за проценување на телесниот состав, 3 функционални мерки (систолен, дијастолен притисок и срцева фрекфенција во мирување) и применета е батерија од 9 моторни теста. Анализирана е состојбата, разликите и развојната тенденциуја на антропометриските мерки, телесниот состав, крвниот притисок, постуралниот статус и моторните способности по возраста, полот и местото на живеење. Добиените податоци се обработени со соодветни мултиваријатни и униваријатни параметриски статистички процедури.” – информираше Саздовски.
Тој укажа на фрапантни податоци кои истражувачкиот тим ги добил по спроведеното истражување. Имено, врз основа на добиените резултати, генерално може да се констатира дека растот и промените на антропометриските мерки, телесниот состав, крвниот притисок и моторните способности не е еднаков и линеарен, туку покажува периоди на побрза и поспора интензивност која се разликува во зависност од возраста и полот.
-“Особено загрижува фактот што голем процент од учениците од обата пола од раната и средната училишна возраст имаат умерено покачен и покачен процент на масно ткиво и индекс на телесна маса, како и потпросечни резултати во повеќе моторни способности кои беа анализирани во ова истражување во споредба со врсниците од другите европски земји” – изјави Саздовски.
Пофални зборови за ова истражување имаа и рецензентите на трудот, професорите Александар Туфекчиевски и Зоран Ханџиски, а свое обраќање на презентацијата имаше и главниот промотор и поддржувач на овој проект, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев.
-“Општина Кисела Вода е горда затоа што ова е пиноерски потфат. Зад нас ги оставивме демоните на политиката, а пред нас ја ставивме човештината. Во овој проект се вложија сите, реализаторите на овој труд, истражувачите, 23-те советници во Советот и сите заедно направивме нешто добро за овие дечиња” – порача градоначалникот Ѓорчев.
Тој укажа дека монографијата има мултидисциплинарен пристап и токму поради тоа ова истражување прави исчекор во она што досега беше физичкото воспитание, а со правилната интерпретација на резултатите се воспоставуваат нови стандарди во медицинскиот, образовниот и физичкиот аспект во основното образование.
Промоцијата на монографијата заврши со делење на плакети и признанија за сите оние кои придонеле во изготвувањето на овој научно – истражувачки труд, како и за учениците со најдобри резултати од истражувањето во сите категории.






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved