Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Македонските спортски легенди се дружеа со учениците од Кисела Вода
27.12.2012

Спортската сала “Независна Македонија” денеска беше средиште на голем мултимедијален и спортски хепенинг. Во организација на општина Кисела Вода, а на иницијатива на градоначалникот Марјан Ѓорчев, македонските спортски легенди денеска другаруваа со младите спортски таленти од општината Кисела Вода.
Големата предновогодишна спортска забава е дел од активностите на општината Кисела Вода за одбележување на Новогодишните празници, но и за популаризација на спортот на нејзината територија, воопшто.
Неколку реномирани и светски признати спортисти и спортски работници од Република Македонија денеска од градоначалникот Марјан Ѓорчев добија признанија за постигнати врвни достигнувања во областа на спортот, односно признанија за особен придонес во афирмација на спортот.
Дарко Панчев, Владимир Богоевски, Благоја Георгиевски, Љупчо Трајчев, Ванчо Каранфилов, Ацо Јорданов, Аце Станковски, Ристо Дарлев, Чедомир Саздовски, Драган Мутибариќ и Љупчо Макеларски се дел од плејадата наши познати и признати спортисти, кои на учениците од основните училишта во општината Кисела Вода денеска им доделија спортски реквизити (дресови и топки) во пресрет на Новогодишните празници. Најталентираните ученици кои се натпреваруваат во рамките на училишниот спорт во општината, денеска имаа можност да се фотографираат и да земат автограми од нивните идоли.
“- Општина Кисела Вода е позната како расадник на спортски таленти. Од малите улички во општината излегоа мајсторот на фудбалската игра во Европа и носител на наградата “Златна копачка”, Дарко Панчев, легендите на македонската и европската одбојка, Владимир Богоевски и Љупчо Макеларски, кошаркарот на кој можат да му позавидат и некои НБА-звезди Благоја Георгиевски – Буштур, македонската ракометна икона Аце Станковски, нашиот параолимписки лауреат Ванчо Каранфилов, македонските боречки легенди Ристо Дарлев и Ацо Јорданов, македонската голманска легенда Драган Мутибариќ и советниците во општината Кисела Вода, но и наши спортски великани, Љупчо Трајчев – атлетичар и Чедомир Саздовски – каратист” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Тој потсети дека општината Кисела Вода беше високо оценета и избрана од реномирани и релевантни институции како општина која најмасовно се залага за поттикнување и организирање на училишниот спорт.
-“Им благодарам на овие луѓе, на нашите спортски великани кои секогаш даваат безрезервна поддршка во афирмацијата на спортот, великаните на македонскиот олимпизам, луѓето кои со голема леснотија постигнуваа врвни резултати, луѓето кои долж и попреку ги преораа европските и светските терени, а за нив неуморно не информираа и пишуваа спортските новинарски легенди, кои заедно со нив се радуваа, плачеа, славеа, навиваа повеќе од 50 години. Токму тие се идолите на нашите млади таленти од Кисела Вода, а оваа предновогодишна дружба ја правиме токму за нив, за нашите идни спортски великани”- информираше градоначалникот Ѓорчев.
На настанот, градоначалникот Ѓорчев додели признанија за особен придонес во афирмација на спортот и на спортските новинари Миодраг Мицковиќ, Атанас Костовски и Бранко Давидовски.
Целокупната спортска манифестација беше збогатена со уметничка програма организирана од страна на учениците од основните училишта и децата од детските градинки, а свој настап имаа и музичките ѕвезди Димитар Андоновски, Дарко Илиевски и Елена Миленковска.






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved