Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода продолжува со спроведувањето на мерки за Енергетска Ефикасност
28.12.2012

Општината Кисела Вода во изминатите неколку години презема низа активности за воведување на мерки за енергетска ефикасност во јавните објекти. Во таа насока, општината изготви Програмата за енергетска ефикасност (МЕЕП), чија цел е да се намали потрошувачката на енергија во јавните објекти и општинските услуги и на тој начин да се намали товарот на трошоците за енергија од општинскиот буџет. Главната активност на општината е спроведување на проекти за енергетска ефикасност кои дополнително ќе придонесат за зголемување на свеста кај граѓаните од придобивките на креирањето на локална енергетска политика.
Конкретно, општината применува  мерки за енергетска ефикасност во вкупно 40 јавни објекти, од кои 13 објекти се бараките во кои е сместена општината и подрачните единици на министерствата, 13 објекти се на месните и урбани заедници, 12 објекти се на основните училишта, 8 објекти се на детските градинки, а мерките се применуваат и во двете спортски сали.
Со воведувањето на енергетски менаџмент (управување, регулација и мониторинг) во основните училишта и јавните детски градинки кои се приклучени на Централниот топлификационен систем на АД Топлификација се евидентирани следните заштеди:
1.Основни училишта до 65 %
2. Детски градинки до 45 %
Во насока на дополнително намалување на потрошувачката на топлинска енергија во текот на овој месец на иницијатива на Секторот за локален економски развој од општината Кисела Вода се постави мерна опрема на потрошувачката на гориво во топлинските станици во сите основни училишта и детски градинки кои имаат сопствен систем на греење. По имплементацијата на оваа активност се очекува потрошувачката на топлинска енергија да се намали за 50 %.


 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved