Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода го донесе буџетот за 2013 година
28.12.2012

Советот на Општина Кисела Вода на вчерашната 53-та пленарна седница го усвои буџетот на општината за 2013 година и програмите за работа на локалната самоуправа за следниот едногодишен период. Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на општина Кисела Вода за буџетот на 2013 година изнесуваат 1.201.152.000 денари.
Приходите на буџетот на општината за 2013 година се планирани согласно направената анализа на историските податоци и досегашниот тренд на наплата на разните групи на приходи како и предвидувањата за очекуваните приходи од надоместокот  за уредување на градежно земјиште, даноците на имот, донациите, блок дотациите за основните училишта и детските градинки и другите трансфери од буџетот на Р.Македонија како и буџетот на заеми за 2013 година.
Најголемо учество во вкупните приходи од 48% имаат даночните приходи кои преставуваат и основа за финансирање на функциите на општината, неданочните приходи учествуваат со 7% капиталните приходи учествуваат со 16 % додека со 26 % учествуваат приходите од трансфери и донации и 3% се домашно задолжување.
Планираните расходи на општина Кисела Вода за 2013 година изнесуваат 1.201.152.000 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансираните приходи и расходи. Во најголемиот дел капиталните расходи се однесуваат на изготвување на проекти, изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на капацитети за водоснабдување, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и изградба и реконструкција на јавно осветлување изградба и реконструкција на детски и спортски игралишта и друго.
Исто така предвидени се и набавки на разни видови урбана опрема, информатичка опрема и предвидени се и капитални расходи за одржување на чистотата и зелените површини во општината.
Капиталните расходи се во функција на подобрување на јавните услуги и подобрување на инфраструктурата во општината.



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved