Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Кисела Вода доби зелен пазар
11.01.2013

Иако важи за најстара и една од најбројните скопски општини, Кисела Вода во изминатото шестдецениско постоење како локална самоуправа, немаше изградено ниту еден зелен пазар. Жителите, кои со децении мораа да патуваат до центарот на градот и за набавување на земјоделски производи да ги посетуваат Зелениот пазар во центарот или Бит-пазар, од денеска пазарувањето ќе можат да го вршат на новиот зелен пазар во нас. Кисела Вода.
Имено, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и директорот на ЈКП “Комуналец Кисела Вода”, Дојчин Алексовски денеска официјално го пуштија во употреба новиот зелен пазар “Расадник”, кој се наоѓа на улицата “Франк Харкорд Манинг”, спроти паркот “Македонија”.
Пазарот се простира на површина од околу 250 квадратни метри, каде се поставени 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи.
“-Во изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои никако не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи. Ова е само прва фаза од изградбата на целосниот комплекс на пазарот. Веќе во следниот период општината ќе инвестира во нов јавен паркинг од 1000 квадратни метри и два нови јавни тоалети за сите посетители на зелениот пазар” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Во рамките на пазарот има чешма за вода, монтажни тоалети (тојфер), а се обезбеди и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.
“-Работното време на пазарот е од 06-18 часот во летниот период и од 07-17 часот во зимскиот период. Во недела и во државни празници пазарот ќе работи од 06-17 часот” – појасни директорот на ЈКП “Комуналец – Кисела Вода”, Дојчин Алексовски.
Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП “Комуналец – Кисела Вода”, а за изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата “Бортас” од Скопје.






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved