Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Градоначалникот Марјан Ѓорчев им додели признанија на истражувачите и рецензентите на втората научно-истражувачка монографија за развојните тенденции на физичката активност кај учениците во општина Кисела Вода
17.01.2013

Денеска во малата сала во Општина Кисела Вода, градоначалникот Марјан Ѓорчев на мала свеченост им додели признанија на истражувачите и рецензентите на втората успешно изготвена научно-истражувачка монографија за развојните тенденции на физичката активност кај учениците во Општина Кисела Вода.
Признанија за особен придонес и афирмација на спортот и научната мисла во општината Кисела Вода добија истражувачите Чедомир Ј. Саздовски, Славица Новачевска, Серјожа Гонтарев, Ванчо Попетревски, Ристо Стаменов и Филип Илиев, како и рецензентите на трудот Александар Туфекчиевски и Зоран Ханџиски.
Монографијата е производ на повеќемесечно истражување на популациското здравје на 5018 ученици од сите осум основни училишта во општината Кисела Вода, извршено од тим составен од преку 40 универзитетски професори, професори по физичко образование, истражувачи и соработници, а директно поддржано од општината Кисела Вода и Унијата на спортски педагози – Кисела Вода.
На примерок од 5018 испитаници, од 6 до 14 годишна возраст, од основните училишта во Општина Кисела Вода, измерени се 6 антропометриски мерки, 3 варијабли за проценување на телесниот состав, 3 функционални мерки (систолен, дијастолен притисок и срцева фрекфенција во мирување) и применета е батерија од 9 моторни теста. Анализирана е состојбата, разликите и развојната тенденција на антропометриските мерки, телесниот состав, крвниот притисок, постуралниот статус и моторните способности по возраста, полот и местото на живеење. Добиените податоци се обработени со соодветни мултиваријатни и униваријатни параметриски статистички процедури.
Истражувачкиот тим добил фрапантни податоци по спроведеното истражување. Имено, врз основа на добиените резултати, генерално може да се констатира дека растот и промените на антропометриските мерки, телесниот состав, крвниот притисок и моторните способности не е еднаков и линеарен, туку покажува периоди на побрза и поспора интензивност која се разликува во зависност од возраста и полот.
Особено загрижува фактот што голем процент од учениците од обата пола од раната и средната училишна возраст имаат умерено покачен и покачен процент на масно ткиво и индекс на телесна маса, како и потпросечни резултати во повеќе моторни способности кои беа анализирани во ова истражување во споредба со врсниците од другите европски земји.
-“Општина Кисела Вода е горда затоа што ова е пионерски потфат. Во овој проект се вложија сите, реализаторите на овој труд, истражувачите, 23-те советници во Советот и сите заедно направивме нешто добро за учениците од нашата општина. Со успешната реализација на втората монографија уште еднаш потврдивме дека со правилен развој и насочување на децата уште од најрана возраст, општината Кисела Вода може да го задржи епитетот на расадник на спортски таленти.” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Тој укажа дека монографијата има мултидисциплинарен пристап и токму поради тоа ова истражување прави исчекор во она што досега беше физичкото воспитание, а со правилната интерпретација на резултатите се воспоставуваат нови стандарди во медицинскиот, образовниот и физичкиот аспект во основното образование.
Раководителот на истражувањето, проф. д-р Чедомир Ј. Саздовски се заблагодари на Општината Кисела Вода за издвоените финансиски средства и големата поддршка која ја добиле од градоначалникот Марјан Ѓорчев, каде за потребите на проектот набавиле квалитетен инструментариум.
“-Утврдивме дека кај 37% од испитаниците детектирани се деформитети во растот, а кај 35% од испитаниците констатирана е гојазност”. Дополнително констатиравме дека децата во училиштата користат несоодветен инвентар, како столчиња и клупи, од кои се јавуваат проблеми во развојот на децата” – изјави Саздовски. 




Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved