Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Ученици од ОУ “Св. Климент Охридски” од с. Драчево во посета на Бугарија
23.01.2013

“Мојата приказна, твојата приказна – потрага по вистината” е насловот на проектот кој неколку месеци го реализираат учениците од најстарото општинско основно училиште “Св. Климент Охридски” од Кисела Вода и учениците од основното - средно училиште “Св. Кирил и Методиј” од Смолјан, Република Бугарија. Станува збор за проект за имплементација на меѓуучилишна соработка, организиран од АЦЕС (Академија на училишта од Централна Европа).
Генералната цел на проектот е да се подигне свеста за медиумите, кои не само што не информираат и не забавуваат, туку исто така и влијаат врз начинот на кој ја восприемаме реалноста.  Мас-медиумите, особено дигиталните, овозможуваат поширок пристап до информациите и нудат нови начини за наше учество, но исто така има и ризик за манипулација со информациите. Затоа „писменоста за медиумите“ претставува клучен фактор за активниот граѓанин во денешното општество и им овозможува на учениците да пристапат до медиумот, да анализираат, оценуваат и да создадат свои медиа производи, а на тој начин учат да станат одговорни приматели на информации, но и креативни создавачи на информација -  вели Наташа Старделова, одговорен наставник за овој проект.
Старделова, која е наставник по англиски јазик, заедно со Валентина Трајкоска – наставник по македонски јазик и Гордана С. Ангелковска- наставник по етика, граѓанско образование, филозофија, се одговорни за реализација на активностите во овој проект.
Во месец октомври минатата година, ученици од Смолјан беа во посета на основното училиште “Св. Климент Охридски” и ја реализираа првата фаза од проектот, чија цел беше запознавање и мотивација на  учениците, како и можност учениците да стекнат претстава за влијанието на медиумите и да стекнат вештини потребни за идните активности.
Притоа, секое од училиштата формираше свој АЦЕС центар со цел да ги  организира активностите во локалната заедница. Секој од учесниците имаше можност да се здобие со знаење да создаде свое ЦВ и да води свој АЦЕС дневник во кој ќе ги забележува новите вештини, искуства и впечатоци. Истовремено, се создаде заеднички блог за проектот, а се водеше и албум за активностите на АЦЕС. Планирани се 2 улични презентации и претстави, снимки, презентации на проектот, презентирање на проектот преку ТВ и дневен печат.
Втората фаза се реализираше деновиве кога вкупно 11 ученици и нивните ментори од Македонија беа во посета на училиштето “Св. Кирил и Методиј” од Смолјан, Република Бугарија, каде извршија промовирање и евалуација на проектната работа реализирана во првата фаза.
Во рамките на посетата, учениците од Македонија го посетија детскиот весник “Чисти срца” и клубот “Деца - новинари” од овој град.



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved