Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Оглас за материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија, спортските сојузи и спортските друштва
24.01.2013

    
Врз основа на член 50  став 1 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), и  точка 3.3 од  Програмата за спорт и рекреација за 2013 година,број: 07-8628/14 од 29 ноември 2012 година донесено  од страна на Советот на општината Кисела Вода (службен гласник број 13),  градоначалникот на Општина Кисела Вода објавува
               Оглас
За материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија, спотските сојузи и спортските друштва.


Се повикуваат сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија, спортски сојузи и спортски друштва кои егзистираат во Општина Кисела Вода и со своите програми и активности придонесуваат за развојот на врвниот, масовниот и рекреативниот спорт, исто така придонесуваат за развојот на физичката култура кај децата и младите  на територијата на Општина Кисела Вода, да  аплицираат за добивање на материјална поддршка за своето работење, за тековната 2013 година.
I. Право на учество
Право на учество на овој оглас имаат сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски сојузи и спортски друштва  кои ги исполнуваат следните критериуми:
1. Решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт,
 со седиште на подрачјето на општина Кисела Вода од најмалку 3 (три) години.
2. Сите спортски субјекти, кои аплицираат на овој оглас, своите
активности и програми  треба да ги реализирале на територијата на Општина Кисела Вода во изминатите  3(три) години.
3. Спортските субјекти задолжително да достават годишна програма за периодот  тековна 2013 година.
4. Доколку спортските субјекти во своите програми имаат натпреварувачки карактер, да се достави степенот на натпреварувањето.
5. Да се нагласат спортските успеси, на спортските субјекти, во последните 3 (три) години, поткрепени со докази од соодветните спортски федерација или други спортски институции.
6. Спортските клубови да достават  информација за  пионерските, младински школи (доколку ги имаат организирано), да достават нивна програма  за  тековната 2013, како и да ги нагласат нивните  спортски резултати,  во изминатите 3 (три) години, поткрепено со доказен материјал од соодветните спортски федерации и државни спортски институции.
II. Место и рок на поднесување на документите.
 Документите можат да се достават до архивата на Општина Кисела Вода, улица Првомајска Б.Б. – Скопје, со назнака ,,За оглас за материјална подршка на спортските клубови, спортските здруженија, спортските сојузи и спортските друштва“, - Комисија за спорт при Советот на општина Кисела Вода.
Огласот трае седум работни денови,  а апликантите ќе добијат писмено известување за одлуките на Комисијата.


                                                                        ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА


 


 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved