Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода ги презентираше резултатите од спроведените мерки за енергетска ефикасност
28.01.2013

На ден 25.01.2013 год. во хотелот "Холидеј Ин" во Скопје се одржа работилница за Енергетска Ефикасност во јавни згради, на која министерот за Економија, Ваљон Сарачини ги претстави резултатите од Проектот за одржлива енергија, грант добиен од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). На работилницата присуствуваа и градоначалници и претставници од повеќе општини од Македонија, а свое обраќање имаше и г-дин Денис Бошковски, вршител на должност шеф на канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Чест и задоволство да ги претстави постигнатите резултати на полето на енергетската ефикасност имаше и Општина Кисела Вода преку својот претставник Славко Митовски кој низ Power Point презентација ги презентираше проектираните и реализираните мерки на енергетска ефикасност во општината Кисела Вода.
Во првиот дел од презентацијата беа презентирани податоци од Програмата на Општина Кисела Вода за Енергетска Ефикасност 2010 – 2014 год, додека во вториот дел беа презентирани резултатите од спроведените мерки за енергетска ефикасност.
Општина Кисела Вода како докажан лидер во спроведување на мерки за Енергетска Ефикасност ги презентираше следните заштеди  како резултат од спроведените Мерки за Енергетска Ефикасност:
- Заштеди на енергија во 2012 год  во износ од  1752 МВч/год
- Финансиски заштеди во износ од  17.179.200 денари/год
- Намалени ЦО2 емисии за 381 т/год
Горенаведените заштеди се резултат од спроведените Мерки за Енергетска Ефикасност:
- Воведување на Енергетски Менаџмент (управување, регулација и мониторинг на потрошувачката на енергија) во општинските објекти.
- Енергетска обнова на обвивките на општинските објекти
- Подобрување и регулација на термотехничките системи во општинските објекти.
Митовски потенцираше дека општината Кисела Вода е особено горда на постигнатите резултати за Енергетска Ефикасност кај училишната зграда на ОУ “Партенија Зографски” каде по спроведените мерки годишната заштеда на топлинска енергија е околу 82 %, а годишната заштеда на вкупната енергија (греење, ладење, осветлување) се околу 74,5 %.
-“На тој начин имаме финансиска заштеда од околу 3.494.827 Денари/годишно, а намалувањето на ЦО2 емисиите во воздухот е за 92,5 т/годишно. Со тоа училишната зграда на ова училиште од енергетска класа Е-енергетски неефикасен објект, доби класа Б – Високо енергетски ефикасен објект и се здоби со енергетски пасош изработен согласно Директивите на Европската Унија, кој е прв од таков вид поставен на јавен објект во Република Македонија – информираше Митовски.
И во 2013 год., Општина Кисела Вода ке продолжи со реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност 2010 – 2014.
-“Особено големи заштеди се очекуваат од проектот за Јавно приватно партнерство за Енергетска Ефикасност кај Јавното осветлување, преку замена на живините светилки со ЛЕД светилки и воведување на систем за управување со уличното осветлување. Очекуваните заштеди на електрична енергија се од 65 - 70 %, а ќе се минимизираат и трошоците за одржување” – заврши Митовски.



 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved