Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
ПАКОМАК ги награди најеколошките училишта во Кисела Вода
06.02.2013

Претставници на компанијата за управување со отпад од пакување „Пакомак“, претставници од општината Кисела Вода, директорите и одговорните наставници од основните училишта од општината денеска во големата општинска сала одржаа работна средба за реализација на проектот за собирање пластичен отпад од учениците.
На средбата, претставникот од ПАКОМАК, Ико Брдароски ги презентираше остварените резултати од собраните пластични шишиња по ученик на општинско ниво. Согласно резултатите, најуспешни во реализација на проектот за собирање пластичен отпад се учениците од подрачните училишта “Рајко Жинзифов” во Пинтија и “Кузман Јосифовски – Питу” во Црниче.
Двете најуспешни училишта како награда добија спортски реквизити и наставни помагала, а за најдоброто училиште на ниво на Скопје во училишната година по избор на директорот, ПАКОМАК ќе учествува во организација на екскурзија, хортикултурно уредување на училишниот двор или на спортските терени.
“Компанијата во досегашниот период обезбедуваше течен сапун за училиштата, но од идниот месец, училиштата сапун ќе добиваат во зависност од остварените резултати, колку повеќе собран пластичен отпад - толку поголема количина” – потенцираше Брдароски.
Наставниците и директорите ги разменија искуствата по однос на успешноста во реализацијата на проектот и констатираа неколку начини за подобрување на резултатите.
“Овој проект е одличен од едноставна причина што овозможува еколошка едукација на децата уште од најмала возраст за селекција на отпадот, но истовремено ја поттикнува и нивната меѓусебна еколошка компетитивност” – изјави Стефче Василевски, директорот на едно од двете најуспешни училишта “Рајко Жинзифов”.






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved