Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Пуштена во употреба градинката “Ѕуница” во село Драчево
12.02.2013

Проблемот со недостиг на соодветни објекти и капацитети на јавните детски градинки за прием на деца од предучилишна возраст на територијата на селото и населбата Драчево, конечно ќе стане минато. Општина Кисела Вода, целосно ја имплементира политиката на Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика за овозможување на што е можно подобри услови за престој на децата во градинките од една страна, но и создавање на нови објекти за прием на што е можно поголем број деца од предучилишна возраст, од друга страна.
За таа цел, денеска, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и директорот на ЈДГ“8 Март“, Снежана Кливановска свечено го пуштија во употреба реконструираниот, преадаптираниот и дограден објект - градинка  за деца од предучилишна возраст с. Драчево.
Новата градинка која ќе биде под управа на ЈДГ“8 Март ќе згрижи приближно 90- тина деца од јаслена возраст во една група и деца на возраст градинка од 3 до 5 год. во две  воспитни групи.
“- Посебно исполнето и задоволно се чувствувам секогаш кога присуствувам на настани поврзани со дечињата, особено кога се работи за отворање на нов објект или целосно нова детска градинка за згрижување на деца, затоа што знам дека отвораме едно ново место за едукација, дружба, забава и учење на основните општествени и етички норми и вредности, затоа што отвараме едно ново катче за дечињата, кадешто тие поминуваат најголем дел од своето време” – порача министерот Ристовски.
Станува збор за простор кој до сега беше дел од училишната зграда на ОУ “Св. Климент Охридски”.
Просторот во училиштето целосно се преадаптираше со внатрешни интервенции од типот: реорганизација на просторот, промена на водоводна и електрична инсталација, обезбедување на засебен систем на загревање – независен од училиштето, целосно реновирање на кујната, тоалетите, ходникот, замена на старите прозорци со нови ПВЦ како и поставување на топлотна изолација на фасадата со што објектот се стекнува со епитетот “енергетско ефикасен објект“.
Целосно е извршена и промена на покривната конструкција.
“- На почетокот на една тешка административна работа, пред неполни 4 години, на една средба со граѓани, тука во Драчево потенциравме дека нашата главна цел се децата. Денес сме сведоци на еден убав објект на градинката “Ѕуница”, со што потврдивме дека и оние делови кои се најдалеку од центарот ќе ги добијат сите оние услови кои му прилегаат на едно урбано, развиено место за живеење” – порача градоначалникот Ѓорчев.
Тој потенцираше дека во соработка со министерството за труд и социјална политика во следниот период ќе ги реализираат и другите два зацртани проекти за изградба на градинки во населените места Пинтија и Припор.
“- Само на таков начин ќе останеме доследни на нашата цел, а тоа е овозможување најдобри услови за  развој на нашите деца” – заврши Ѓорчев.
Новата градинка “Ѕуница” се простира на површина од приближно 400 квадратни метри.
Средствата со кои се финансираше работата на овој објект во висина од околу 4 милиони денари, во целост се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода, а изведувач на работите беше фирмата “Џико Инженеринг”.
Внатрешното опремување на објектот со мебел, дидактика и опрема, беше реализирано со заеднички средства на Општина Кисела Вода  и на ЈДГ“8 Март.
Во уредувањето-бетонирањето на приодната патека и паркинг просторот пред градинката инвестираше “Цементара Титан – Усје” од Скопје, додека пак во хортикултурно уредување на просторот пред и околу градинката се ангажираше и инвестираше Општина Кисела Вода и фирмата “Хорти Дизајн”.
Градежните работи на споменатиот објект се завршени за околу 2 месеци.








 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved