Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Привршува изградбата на препумпната станица во Драчево
15.02.2013

Капиталниот проект за реализирање на системско решение за одведување на фекалните отпадни води од селото, населбата Драчево и месноста Потстаница, започната во далечната 1982 година, по точно 30 години ја добива својата финализација. Низ 30-годишното патешествие на сите локални администрации за реализација на капиталниот проект за изградба на примарна, секундарна и терцијарна фекална мрежа за најголемото населено место во Општината Кисела Вода, општинската администрација под водство на градоначалникот Марјан Ѓорчев успеа да стави круна на проектот започнат на иницијатива на неколку ентузијасти.
Во периодот од 2009 до 2012 год, во овој реон се изградија канализации на сервисни улици во вкупна должина од околу 5 километри, а се изгради и фекален колектор. Во моментов, финишира изградбата на препумпната станица, со чие пуштање во употреба ќе се изврши прифаќање на целокупната примарна, секундарна и терцијарна канализациона мрежа.
Инаку, станува збор за заеднички проект на Општината Кисела Вода и Владата на Република Македонија, имајќи го во предвид фактот дека општината Кисела Вода изврши позајмица во висина од 15 милиони денари од Министерството за финансии, односно од Владата на Република Македонија за целосна имплементација на овој проект.
Вкупната инвестиција за реализација на проектот изнесува 60 милиони денари (изградбата на примарната, секундарната и терцијарната мрежа), а изградбата на препумпната станица чини 21,5 милиони денари.
Свеченото пуштање во употреба на препумпната станица во месноста Потстаница, ќе се реализира во текот на следната работна седмица.




 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved