Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се пушти во употреба препумпната станица во Драчево
20.02.2013

Капиталниот проект за реализирање на системско решение за одведување на фекалните отпадни води од селото, населбата Драчево и месноста Потстаница, започната во далечната 1982 година, по точно 30 години ја доби својата финализација.
Денеска, пред голем број присутни граѓани, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев ја пуштија во употреба препумпната станица за фекални отпадни води во месноста Потстаница.
“-На почетокот на еден мандат, што е кратка временска отсечка од четири години во безграничниот простор на Кисела Вода, јас ветив пред граѓаните на Драчево дека за мене клучна работа е финализирањето на големиот проект за изградба на фекалната канализација и препумпната станица во Потстаница, која започна пред 30 години, од повеќе иницијативни одбори и беше проследена со многу труд и напор од сите досегашни општински администрации” – изјави домаќинот, градоначалникот Ѓорчев.
Ѓорчев потенцираше дека директаната помош од ресорните министерства била клучна во конечната реализација на проектот.
 “-Проектот започна со финансиска помош од Министерството за транспорт и врски во висина од околу 36 милиони денари и со средства од општината со кои се изгради главен фекален колектор во Потстаница, а продолжи со инвестиција на општината во изградба и реконструкција на примарна и секундарна фекална мрежа на повеќе сервисни улици во селото и населбата Драчево. Овој проект немаше да има крај, ако не беше директната заложба на министерот за финансии за одвојување на 15 милиони денари со Одлука на Владата за изградба на овој објект кој денеска го пуштаме во употреба” – потенцираше Ѓорчев.
Тој информираше дека во два наврати агитирал Драчево да стане самостојна општина, еднаш како градоначалник, вторпат како пратеник и сега, како што на шега рече Ѓорчев, можеби се исполнија условите Драчево да стане општина.
“-Пресреќен сум што со овој капитален проект во вредност од околу 150 милиони денари затвораме едно поглавје во решавањето на комуналните проблеми со кои се соочуваа досега жителите на најголемото населено место во општината Кисела Вода” – заврши тој.
Задоволство од реализација на проектот изрази и министерот за финансии, Зоран Ставрески.
“-Само со ваква макотрпна работа и заложби на локалните власти ќе можат да се решат неколкудецениските проблеми на повеќе од 40.000 жители кои живеат во овој дел на градот. Драго ми е што министерството за финансии и Владата на Република Македонија придонесува за реализацијата на вакви капитални проекти од кој директен бенефит имаат граѓаните, но и животната средина, имајќи го во предвид дека со реализацијата на овој проект директно се намалува и  загадувањето на почвата и подземните води” – изјави вицепремиерот Ставрески.
Изградената препумпна станица е усогласена со идејното решение на пречистителната станица  на фекалниот канализационен систем – Драчево, а во крајниот планиран период препумпната станица ќе има улога да врши препумпување на пречистената вода за потребите за наводнување на земјоделските култури.
Инаку, во препумпната станица се вградени четири пумпи Q=109,50л/сек со манометарска висина Hман=9м. Снагата на пумпите е N=13.50KW.
Теренот околу препумпната станица е заграден со жичана ограда и е осветлен.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved