Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода со проект за обуки за личен и професионален развој и подготовка на кадри за вработување
28.02.2013

Со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или започнување сопствен бизнис, Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи во следниот неколкумесечен период ќе го реализира проектот за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и информатичка технологија.
Со овој проект ќе бидат опфатени жените и младите лица до 40 години кои сакаат да стекнат знаења, професионални способности и вештини за ИТ вештини, започнување, водење, одржување и развој на бизниси и вработување. Од досегашните анализи во делот на обуките за личен и професинален развој, констатирано е дека постои недостаток на обуки за професионален развој, водење на кариера и самовработување. Оттука, клучно се согледува потребата од обуки кои би дале насоки за подготовка на идните кандидати за вработување или самовработување. Подготовката на учесниците во овие обуки, директно ќе им отовори многу нови можности за вработување, додека на компаниите да постигнат поголем напредок во нивниот бизнис.
Токму целта на проектот кој се поднесува е организацијата на циклус на обуки за професионален развој, ИТ вештини и претприемништво,  како и помош на кандидатите при нивното аплицирање за вработување или отварање на својот бизнис да се придонесе повеќе кон развојот на регионот на Општина Кисела Вода, да се вмрежат, да се мотивираат и да се вработат. Тоа директно ќе влијае на намалувањето на невработеноста и индиректно на поголемо задоволство на граѓаните од заложбите на општината Кисела Вода да овозможи спроведување и реализација на проектот.
Со тоа се реализира и целта за обезбедување на компаниите на потребен кадар за имплементација на своите идеи, да остварат значајни контакти и да се збогатат со нови соработки. Со тоа се зголемуваат шансите за експанзија и развој на претпријатијата од регионот, што би значело подобрување на нивните перформанси. Сето ова индиректно би ги подобрило и индикаторите на целокупната економска активност во државата.
Проектот ќе се реализира во периодот март-мај 2013 година, со циклус обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ, организирани од експерти од овие области. Носител на проектот е Општина Кисела Вода со финансиска контрибуција од 200.000 денари, а реализатор на проектот е Фондацијата “Центар за жени – претприемачи”  од Скопје.


 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved