Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Голема заинтересираност за самовработување и отворање на нови бизниси во Кисела Вода
06.03.2013

Со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или започнување сопствен бизнис, Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи денеска во просториите на општината организираше интерактивна работилница под наслов: „Како до вработување или започнување сопствен бизнис“.
На работилницата присуствуваа жители на општината Кисела Вода, претежно жени на возраст од 18-40 години, кои имаа можност да откријат што сė е потребно да направат за да ја остварат својата цел.  Имено, на работилницата претставниците од Центарот за жени претприемачи и Александрија, кои се реализатори на проектот, пред присутните граѓани извршија презентација на проектот, фокусирајќи се на тоа какви знаења и вештини им недостасуваат за да ја остварат својата цел, каква помош да очекуваат од општината и Центарот за жени претприемачи и кои се обуките кои ќе бидат спроведени за таа цел.
Интерактивната работилница претставува вовед во циклусот обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ кои ќе бидат спроведени во текот на месеците март - мај 2013.
Заинтересираните граѓани имаа можност да ја пополнат пријавата за учество на обуките, за што на крајот ќе добијат сертификати за успешно завршената обука.
Проектот е финансиски поддржан од општината Кисела Вода, која од својот буџет за оваа цел одвои 200.000 денари.
Ваква информативна работилница ќе се одржи и во текот на утрешниот ден (07.03.2013 год.), во големата сала на општината, со почеток во 12:00 часот. Влезот на работилницата ќе биде слободен. 
Пријавите за учество на обуките можат да се најдат на следниот Линк



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved