Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Пржино ќе добие нова месна заедница
08.03.2013

Денеска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, претседателот на Советот на општината, Звонко Спасовски и претседателот на месната заедница Пржино, Благоја Велевски, присуствуваа на започнувањето на градежните работи за изградба на нов објект за месната заедница Пржино.  Стариот објект на месната заедница, не ги исполнуваше минималните стандарди за нормално функционирање, како истурена канцеларија на локалната самоуправа, а изградбата на новиот објект беше едно од приоритетните барања на граѓаните од Пржино. На парцелата со површина од изнесува 533 квадратни метри, предвидено е да се изгради објект со основа од 290 квадратни метри.
-“Општина Кисела Вода е една од првите и ретки општини во Македонија, која го увиде значењето на суштествувањето на месните и урбани заедници на локално ниво како истурени канцеларии на локалната самоуправа. Впрочем, нашите месни заедници, во кои имаме вработено секретари, се вистинските очи и уши на општината. Со изградбата на новиот објект на месната заедница Пржино, се надеваме дека ќе ги реализираме долгогодишните барања на жителите на Пржино” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
Од почетокот на градежните работи за изградба на новиот објект за месната заедница задоволство искажа и претседателот на месната заедница Пржино, Благоја Велевски, кој порача дека неколкудецениската желба на жителите на Пржино да добијат ново место за дружба и работа, конечно ќе се реализира.
Во новиот објект ќе бидат сместени канцеларија за претседателот и секретарот на месната заедница, сала за состаноци, архива, просторија за пензионери и санитарни чворови. Изградбата на објектот ќе трае три месеци, а во објектот ќе бидат вградени современи градежни материјали согласно стандардите за градба.
Изградбата на новата месна заедница ќе ја реализира фирмата Бортас од Скопје, а општината за таа намена од својот буџет издвои 5,9 милиони денари.






Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved