Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Општина Кисела Вода го одбележа Денот на пролетта
21.03.2013

Со голема акција за засадување на садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини, која е дел од пошироката кампања “Скопје градот на цвеќето – Скопје градот на розата”, денеска Општина Кисела Вода го одбележа 21-ви Март – Денот на пролетта. Акцијата се реализираше со засадување на околу 760 садници со рози на кружниот тек на бул. “Србија”, пред компанијата Цементарница Усје – Титан.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, кандидатот за градоначалник за Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставници на бизнис секторот од општината ги засадија првите неколку садници со рози.
-“Оваа акција е дел од иницијативата и големата кампања чија цел е белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје, град со модерни луѓе, кои се грижат за еколошката димензија и за општиот амбиент. Ова е само почеток на акцијата, која се надевам дека во следниот период со ист интензитет ќе продолжи” – порача градоначалникот Ѓорчев.
Кампањата  е поттикната од резултатите од Студијата под наслов Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје, каде предмет на испитување биле почвите, рози (цветови и листови) и треви на иглолисни растенија, листопадни растенија со покрупни листови и листопадни растенија со поситни листови.
Како заклучок и препорака од Студијата било користењето на фиторемедиација кој е метод на користење  на одредени видови на растенија кои  имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните  елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата. Розите, се повеќегодишно украсно  растение, кои апсорбираат големи количини на олово и  кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето.  За таа цел, се препорачува нивна примена односно препорака за нивно засадување на  сообраќајниците во Градот Скопје да бидат збогатени со рози, затоа што имаат повеќекратно дејство. Розата го извлекува оловото од почвата и го концентрира така што оневозможува тоа натаму да излегува од растението и да се врати во средината.
Во акцијата со свои донации од околу 7.000 садници со рози се вклучија и компаниите Цементарница Усје – Титан, Жикол и Елена Лука, .
На акцијата претходеа активности во основните училишта во општината, каде учениците изработија предмети (честитки, рози и пораки) по повод Денот на пролетта и денеска ги изложија за продажба своите рачно изработени предмети.
Прибраните средства ќе бидат искористени за купување на нови садници со рози, кои во следниот период ќе бидат засадени на јавните површини на територијата на општината Кисела Вода.





Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved