Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Се подигна 5-метарски споменик на бранителите во Драчево
22.03.2013

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и кандидатот за градоначалник на општината Билјана Беличанец – Алексиќ денеска извршија увид на градежните работи за изградба на спомен обележјето „Меморијална фонтана со партерно уредување и пропратна фигура на постамент во чест на загинатите бранители од Општина Кисела Вода  во конфликтот во 2001 година”.
-“Во 2009 год. кога за првпат како градоначалник имав средба со жителите на населбата и селото Драчево, една од приоритетните работи кои го побараа е оддавање на должна почит на нашите шест сограѓани од Драчево кои во 2001 година застанаа на браникот на одбраната и го дадоа својот живот за Република Македонија. Денеска, со изградба на ова спомен – обележје, кое треба да ја симболизира храброста на загинатите бранители кои ги положија своите млади животи во одбрана на татковината, го исполнуваме заветот кон нашите шест паднати синови: Бобан Трпков, Игор Костески, Љубомир Акимовски, Александар Стојчев, Теодор Стојановски и Драганчо Илиевски” – изјави градоначалникот Ѓорчев.
На површина од 1020 квадратни метри во моментов се гради меморијалната фонтана со дијаметар од 8 метри, а останатиот простор партерно и хортикултурно ќе се уреди во следниот едномесечен период.
Имено, согласно проектот, во средишниот дел на плочникот се гради шестоаголна армирно-бетонска фонтана во која на армирано-бетонски постамент ќе бидат поставени шест кружни армирано бетонски жардињери. На шестоаголната фонтана има предвидено ниши каде што ќе биде поставена по една мермерна плоча на секоја негова страна со испишано име на еден од бранителите со година на раѓањето и смртта.
Меморијалната фонтана ќе содржи спомен плоча изработена од месинг на која ќе биде испишан пригоден текст во чест на бранителите.


Скулптура излиена во бронза со висина од 240цм до главата на војникот, односно 300-320цм до највисоката точка т.е. знамето, денеска беше поставена на постамент со висина од 2 метра. Вкупната висина на споменикот ќе изнесува 5 метри.
Автор на скулптурата е Димитар Филиповски.
Инвеститор на спомен – обележјето е Општина Кисела Вода за што од својот буџет издвои 5 милиони денари.
 






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved