Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/21/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на здравјето
06.04.2013

Со реализирање на бесплатни превентивни лекарски прегледи, Општина Кисела Вода и Институтот за јавно здравје на Република Македонија, денес во паркот “Шопен” го одбележаа 7-ми Април – Светскиот ден на здравјето.
Стручни тимови од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, во периодот од 08:30 – 12:30 часот, вршеа мерења на нивото на гликоза (шеќер) и холестерол во крвта, крвниот притисок и телесната тежина, висината и обемот на половината на граѓаните.
Можноста за бесплатен лекарски преглед ја искористија преку 200 граѓани, а своето задоволство од акцијата тие го изразија на организаторите од Институтот за јавно здравје и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ.
Во текот на целата манифестација се делеше промотивен, едукативен материјал, агитки и брошури со совети и информации за контролирање на високиот крвен притисок (хипертензија), совети за начинот и динамиката на откажување од цигари и друг вид брошури со корисни совети за здрав стил на живот.
Овогодинешното мото на Светскиот ден на здравјето е КОНТРОЛИРАЈ ГО КРВНИОТ ПРИТИСОК!
Главната цел на Светскиот ден на здравјето за 2013 година е да се намалат инфарктите на срцето и мозочните удари кои се резултат на покачениот крвен притисок.
Општината Кисела Вода, како домаќин на настанот, ја обезбеди локацијата и обезбеди вода и сокови за освежување на граѓаните.
Одличната соработка помеѓу општината Кисела Вода и Институтот за јавно здравје ќе продолжи и во следниот период, за кога се закажани дополнителни акции за бесплатни лекарски прегледи на граѓаните од Општина Кисела Вода.







 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved