Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Проектот ‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ ќе се реализира во основните училишта во Кисела Вода
11.04.2013

‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ е главната порака на еколошкиот проект за едукација  на децата на возраст од 6 до 14 години за рециклирање инициран од Шпаркасе Банка и спроведен во соработка со Министерството за образование и наука и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак. Планирано е проектот да биде долгорочен и на почетокот ќе се одвива во две фази, почнувајќи од април годинава до јуни 2014. Во првата фаза наречена ‘‘Месец на рециклирање‘‘ ќе бидат вклучени повеќе од 34 училишта од неколку скопски општини, додека во втората фаза ‘‘Најактивно еко училиште‘‘ ќе бидат вклучени и училишта низ Македонија од општините од Охрид, Битола, Штип и Струмица.
Денес (11.04.2013 год.) во ОУ “Партение Зографски” се одржа прес-конференција за најава на еко – проектот ‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘.
Целта на проектот е едуцирање на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад  и неговото рециклирање, нивно мотивирање за што помасовно вклучување како и обезбедување на средства за понатамошни еколошки активности во училиштата.
‘‘Суштината на акцијата ‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ е во согласност со долгорочната определба на Министерството за изнаоѓање модели како  во основните училишта што повеќе да се воведе концептот на заштита на животната средина. Иако низ повеќе предмети во текот на своето школување учениците учат за меѓусебното влијание на човекот и природата, вклученоста во проектот им покажува како можат лично да придонесат, децата стануваат свесни за улогата која ја имаат врз природата и опкружувањето.‘‘ – изјави Министерот за образование и наука Панче Кралев.
‘‘Нашата банка е еколошки одговорна институција. Проектот ‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ има повеќе димензии. Пред сè, ги едуцира децата за заштитата на животната средина, ги мотивира на собирање отпад и негово рециклирање, создавајќи кај нив навика за еколошка свест уште од мали години. Еколошката свест се формира уште од најрана возраст, само така ќе имаме еколошки свесни граѓани . Проектот промовира индивидуална и заедничка одговорност за намалување на отпадот и ја зголемува свесноста за важноста од здрава и чиста животна средина. Навистина ни е драго што нашата иницијатива наиде на поддршка од страна на Министерството за образование и Пакомак.Ваквите проекти успеваат и имаат вистински придобивки само доколку постои единство и разбирање меѓу сите релевантни страни. ‘‘ – изјави Кристина Депо, Директор за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.
Во текот на проектот, учениците ќе собираат отпад од пакување, хартија и пластика. На крајот на секоја фаза, Шпаркасе ќе ги наградува училиштата кои собрале најмногу отпад.
“Иницијативата на Шпаркасе Банка е за поздравување особено што овој заеднички проект е наменет за вклучување на децата во процесот на заштита на животната средина. Проектот му дава на рециклирањето дополнителна вредност затоа што собраните средства од откупот Пакомак ќе ги донира во училиштата со што ќе им обезбеди основа за понатамошна работа на полето на животната средина.‘‘ – рече Филип Ивановски, Извршен директор на Пакомак.
Проектот е поддржан и од општината Кисела Вода, а своето задоволство од започнувањето на проектот, не го криеше и градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ.
-“Општина Кисела Вода дава целосна поддршка за спроведување на проектот “Рециклирање – Кажи Да” во сите основни училишта во општината и во иднина ќе претставува рамноправен партнер во имплементација на истиот.” – потенцираше Беличанец - Алексиќ.


Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved