Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/18/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Почнува асфалтирањето на втората делница на булеварот “Борис Трајковски”
12.04.2013

Градежните работи за проширување и реконструкција на втората делница од булеварот Борис Трајковски влегуваат во завршна фаза.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска /12.04.2013 година/ извршија увид во градежните работи и најавија дека во наредните денови ќе се асфалтира делницата долга 1.126 метри, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“.
- Во текот на зимата непречено работевме на проектот за проширување и реконструкција на втората делница од булеварот Борис Трајковски. Се постави атмосферска канализација, ново осветлување и се оформуваа тротоарите. Сега продолжуваме со асфалтирање на коловозот. Постојниот оштетен асфалт на улицата ќе се изгребе, ќе се изработи порамнителен слој и ќе се нанесе завршен слој од полимеризиран асфалт-бетон. Очекуваме сообраќајницата да биде готова за два месеца – истакна градоначалникот Трајановски.
Тој нагласи дека со проширувањето на овој дел, булеварот доби 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Од двете страни на коловозот се изградени тротоари покриени со бекатон-плочки.
- Проширувањето на коловозот на оваа делница беше искористено за да се постави атмосферска канализација во должина од 1.126 метри со променлив профил (од Ф 500 до Ф 800 милиметри). Постојниот армирано-бетонски мост над Усјанскиот канал беше реконструиран, со што тој доби 4 коловозни ленти со пешачка и велосипедска патека. Проектот за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски е од исклучително значење за Скопје и за развој на овој дел од општината Кисела Вода – додаде градоначалникот Трајановски.
Трајановски им се заблагодари на жителите на Скопје за укажаната доверба на локалните избори и нагласи дека градежните проекти ќе продолжат и во наредниот период со исто темпо, како и досега.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, истакна дека ова е уште еден во низата успешни проекти на Градот Скопје во оваа општина.
- Апелирам до моите сограѓани да покажат разбирање и трпение додека траат градежните работи на оваа сообраќајница. Крајниот резултат ќе биде од корист на сите - нагласи Билјана Беличанец – Алексиќ.
Градот Скопје во октомври минатата година и официјално ја отвори за сообраќај првата делница од проширениот и реконструиран булевар Борис Трајковски во општината Кисела Вода, којшто се градеше на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри.  


Извор: Град Скопје


 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved