Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Доделени нови 30 решенија за легализација во Општина Кисела Вода
20.04.2013

Процесот на легализација на дивоизградени објекти на територијата на општина Кисела Вода продолжува со добро темпо. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови 30 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1456 предмети. Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 4984 предмети се во административна постапка, а 5.295 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Трите општински комисии што ја спроведуваат работата на терен, секојдневно работат на делот што опфаќа проверка и констатирање на фактичката состојба во која се наоѓаат дивоградбите. Една комисија дневно поминува од 20 до 40 објекти во зависност од нивната местоположба. -“Правилниот урбанистички развој и утврдувањето на вистинскиот правец за уредување на просторот по мерка на граѓаните е врвен приоритет во работата на Општина Кисела Вода. Скоро 50% од станбените единици во Кисела Вода се подведени согласно новиот Закон за легализација на дивоизградени објекти, како нелегални” – информираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ. Таа ги повика граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите. -“Денешната приказна за доделување на 30 решенија за легализација е успешна и се надевам дека во следниот период со истото темпо ќе го решаваме процесот на легализација во нашата општина” – заврши Беличанец - Алексиќ.




Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved