Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


11/17/2018 

Мени
 Профил на општината
 Градоначалник и совет
 Организациона поставеност на секторите
 Месни заедници
 Спорт и млади
 Документација
 Издавачка дејност (Службени гласници)
 Формулари и жиро сметки
 Информативен центар
 Детални урбанистички планови
 Актуелни тендери
 Верификувани документи од Советот
 Карта на општината
 Контакт
 Училишен спорт
 Унија на спортски педагози-Кисела Вода
 ЈКП Комуналец - Кисела Вода
 Извештаи за стратегиска оценка на животната средина
 Оттуѓување на градежно земјиште - актуелни објави
 Известувања
 Извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2012 година на Општина Кисела Вода

 
Етно – проект во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”
24.04.2013

Дека знаеме и можеме да ги почитуваме нашите корени и традиција вчера потврдија и најмладите жители на општината Кисела Вода, учениците од основното училиште “Кирил Пејчиновиќ” кои реализираа прекрасен еко-проект во нивното училиште. Народни носии, песни и ора, изложба на разни етно-предмети, импровизација на селска куќа и традиционална македонска трпеза беа само дел од активностите кои во двочасовна програма ги реализираа учениците и педагошкиот тим од ова училиште.
Креативната програма започна со мини-промоција на книгата „Луѓе, времиња, обичаи" од м-р Крсте Велески (промотор: професор од Институт за етнологија и антропологија, проф. д-р Мирјана Мирчевска) и со обраќање на професорот Крсте Велески, а на сцената се изведе и монодрамата за Јордан Пиперката.
Голем впечаток кај присутните остави и изведбата на драмата “Борис Мексико и неговата чета”, преку која учениците го претставија враќањето во минатото и презентација на целиот воспитно-образовен систем со сите свои дидактички методи и можности што му ги нуди на ученикот при изборот на вистинскиот пат во животот. Духовита приказна за недисциплинирани ученици, кои по преземените воспитни мерки од страна на директорот и наставниците стануваат ученици за пример (фудбалски тим на училиштето). 
Настанот заврши со дегустација на вкусната традиционална храна од македонската трпеза, пропратена со староградска музика и со доделување на дипломи и пофалници за наградените од литературниот, креативниот и ликовниот конкурс на тема „Страшилото што птиците го сакаат”.






 

Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Анкета
Дали сте задоволни од ажурирањето на веб-страната со нови информации?
Да
Не
резултати
 
Актуелно
 Архива
 Дискусии

http://www.kiselavoda.gov.mk/217/Cetirigodisna brosura Rabotna Verzija_5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Broshura KV.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/opstina kisela voda brosura A5 za meil korekcija.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/brosura A5.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/ednagodina.pdf
http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/Prezentacija MEEP Kisela Voda 2010-2014 FINAL.pdf
http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=273
http://kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Kisela Voda, All rights reserved